Регион
Грција од имигрантите бара да ја наведат крајната дестинација

Имигрантите и бегалците кои пристигнуваат во Грција мора да го наведат податокот за својата крајна дестинација за да може да го продолжат својот пат кон другите земји на Европската унија, откако Македонија претходно во четвртокот повторно ја отвори својата јужна граница за имигрантите, но само за оние кои изјавуваат дека сакаат да бараат азил во Австрија или во Германија, по одлуките на земјите од ткн балканска рута за сопирањето на миграцискиот прилив.
Претходно во средата Србија и Хрватска објавија дека на имигрантите ќе им го оневозможат влегувањето на нивните територии, доколку не наведат дека имаат намера да побараат азил во Австрија или во Германија.
„Од денеска крајната дестинација на имигрантите ќе биде регистрирана во официјалните документи“, рекол за Reuters неименуван висок грчки полициски функционер, без да појасни која е причината за таквата одлука.
Сé уште не е познато дали на бегалците ќе им биде забрането продолжувањето на патувањето, во зависност од крајното одредиште, но се очекува дека повеќето ќе бараат како крајна дестинација да им биде запишана Австрија и Германија.
Владите на земјите членки на ЕУ повеќепати ја критикуваа Грција, главната земја за влез за имигрантите кои успеваат да го минат Егејското Море, наведувајќи дека грчките власти сториле малку во врска со управувањето на приливот од стотиците илјади луѓе кои главно од земјите на Блискиот исток и од азиските држави преку Турција стигнуваат во оваа земја членка на Унијата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.
Регион
Пронајдени се лицата кои исчезнаа во Грција

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19), кои исчезнаа во Грција, се пронајдени, како што потврди за Блиц нивниот пријател Милан Атанасковиќ, со кого го напуштиле Лесковац.
Двајцата биле пронајдени во Сер.
– Тие свртеле погрешно, се наоѓаат на 125 километри од местото каде што се упатија. Ја поминале ноќта во парк, дури денес нашле ви-фи и ме контактираа – изјави тој за „Блиц“.
Претходно српските медиуми објавија за нивното исчезнување.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.
Регион
Никола и Марта исчезнаа на патот кон Грција: „По втората рампа повеќе не ги видовме“

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19) исчезнаа патувајќи на одмор во Грција, како што потврди за „Блиц“ Јелена Стојиљковиќ, ќерката на нивниот пријател, со кого го напуштиле Лесковац.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.
„Тато ги набљудуваше цело време во ретровизорот. По таа втора рампа, повеќе не ги видовме. Потоа тато доби порака од бројот на Никола „Брат, те молам јави ми се“, што и го стори. И тој и таа беа недостапни“, изјави Јелена за „Блиц“.
Како што истакна, Марта и Никола не контактирале со никого од вчера и сите се многу загрижени.
„Се надеваме дека се е добро и дека ќе се појават, сите сме многу загрижени за нив“, рече таа на крајот од интервјуто за „Блиц“.
Патем, судејќи според информациите објавени на Фејсбук страницата „Во живо од Грција“, автомобилот со кој Никола и Марта патувале во Грција е син металик опел со лесковачки регистарски таблички LE 164 LB.
Исчезнатиот Никола Стефановиќ живее во селото Богојевце во близина на Лесковац, а Марта Илиќ живее во селото Бунушки Чифлук.