Европа
ЕК треба да го напише текстот на одлуката за санкциите против Русија
Амбасадорите за земјите членки на Европската унија побараа во петокот од Европската комисија да го напише текстот за одлуката за санкции против Русија, но сé уште не постигнат конечен договор за нивното наметнување на Москва, соопштија за Reuters дипломатски извори, а истовремено претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј испрати писмо до челниците на 28-те земји членки на ЕУ со предлог да ги овластат своите амбасадори во Брисел да воведат санкции во област ана одбраната, финансиите и технологиите без да се свикува нов самит што ќе овозможи нивно носење на 29-ти јули, рекол извор од Советот на ЕУ за Итар-Тасс.
Според соговорникот на Reuters, европските функционери ќе ги продолжат разговорите следната седмица врз основа на изнесените предлози. Европската комисија ги изнесе предлозите за ограничување на пристапот на Русија до европските финансиски пазари, како и одбранбената и енергетската технологија.
Европскиот извор на Итар-Тасс, пак, рекол дека со цел да се избегне новото несогласување и поделби меѓу земјите на Европската унија во врска со воведувањето поостри санкции врз Русија, за што Брисел е притискан од Вашингтон, Херман ван Ромпуј „предложил да се „суспендира можноста на Русија да и бидат доставување нови технологии, но не во целиот енергетски сектор, туку само во областа на испораката на нафта“.
„Така, пристапот до технологиите во гасната сфера нема да потпадне под санкции. Што ќе го отстрани еден од главните проблеми во процесот на одобрување (на новиот пакет санкции)“, рекол соговорникот на руската новинска агенција.
Во четвртокот во Брисел беше одлучено да бидат заострени санкциите и тоа со додавање на ткн „црна листа“ на 15 личности и 19 правни субјекти за наводно помагање на проруските бунтовници во источна Украина кои не ја признаваат новата прозападна власт во Киев која дојде со февруарскиот преврат со кој беше соборен претседателот Викто Јанукович, рекол дипломатски извор за AFP.
Начелната одлука за новите санкции ја донесоа претседателите на државите и владите на земјите членки на ЕУ на вонредната седмица на 16-ти јули, како казна за Москва за отсуство, според Брисел, на руска соработка во поглед на смирувањето на ситуацијата во Украина.
Досега на листата беа 72 Руси и Украинци, ак кои две компании со седиште на Крим, црноморскиот полуостров каде што 58 отсто од населението се Руси кои во март одржа референдум за враќање на автономијата укината од страна на Киев на почетокот од 1990-те и за приклучување кон Руската Федерација, што Западот го смета за руско анектирање на украинска територија.
Челниците на ЕУ ја донесоа оваа одлука ден пред падот на малезискиот патнички авион со 298 патници и членови на екипажот во источна Украина, 60-ина километри од границата со Русија, во областа на Донецк којашто ја контролираат проруските бунтовници. Иако досега не е објавени никаков доказ или сведоштво, САД , па потоа и ЕУ веднаш за оваа трагедија ја обвинуваат Русија дека е инволвирана на некој начин во неговото наводно соборување.
И според податоци на руската агенција Итар-Тасс, исто така, пакетот санкции подготвен од Европската комисија, вклучува времено ограничување на достапот на Русија до одредени видови финансиски и банкарски услуги, склучување нови договори во сферата на одбраната и продажба на технологии со двојна намена, иновациски технологии, како и забрана за продажба на нови технологии и хај-тек опрема во сферата на производството и испораката на нафта и гас. Во меѓувреме токму санкционирањето на сферата на гасот предизвика бројни приговори на последното заседание на Комитетот на ЕУ на ниво на постојани претставници на земјите членки, бидејќи многу од нив се многу зависни од испораките на рускиот гас, а на ниво на целата Унија тоа се движи од најмалку третина од севкупните потреби.
Како што претходно беше објавено постојаните претставници на 28-те земји членки на ЕУ од Европската комисија побараа да се разработи законска рамка за воведување на насочените секторски санкции против Русија. Оваа одлука амбасадорите на земјите во ЕУ ја донесоа по двете сесии во четвртокот и петокот, по препорака на ЕК по уривањето на малезискиот „Boeing 777“ во Украина.
Се очекува дека предлогот за насочените секторски санкции на ЕУ против Москва ќе биде изготвен од страна на Европската комисија до вторник, 29-ти јули, изјави во петокот Маја Коцијанчич, портпаролката на високата претставничка на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон.
Според на, привично предложените од ЕК и одобрени од Советот на ЕУ санкции против Русија се однесуваат на достапноста на „пазарите на капиталот,вооружувањето, производите за двојна намена и чувствителните технологии за енергетскиот сектор“.
Следниот состанок на Комитетот на ЕУ на ниво на постојани претставници ќе се одржи во понеделник, 28-ми јули, на кој главен акцент ќе биде ставен на разгледувањето на стратегијата за непризнавањето на влегувањето на Крим во составот на Русија, којашто резултира со донесените трговски, финансиски и визни и транспортни ограничување на ЕУ во однос на Крим/крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Студ, снег и мраз ја погодија Европа: 34.000 домаќинства без струја во Британија, Франција под портокалов метео-аларм
Метеоролозите предупредуваат дека Велика Британија треба да се подготви за нов бран студено време, снег и мраз за време на викендот, по силната бура „Горети“ што ја зафати земјата.
За поголемиот дел од Британија е издаден жолт метео-аларм за снег и мраз.
Бурата „Горети“ во петокот донесе обилни врнежи од дожд и снег, како и силни ветрови низ голем дел од земјата, поради што десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија. Според податоците на Националната електрична мрежа, околу 34.000 домаќинства на југозападот на земјата биле без струја околу 22 часот синоќа.
Силниот ветер соборувал дрвја, а дел од воздушниот сообраќај бил сериозно нарушен. Авиокомпанијата „Бритиш ервејз“ откажа околу 50 летови – 25 поаѓања и 27 слетувања на аеродромот „Хитроу“ во Лондон. Аеродромот во Бирмингем делумно ја затвори пистата и ги повика патниците да го проверат статусот на своите летови.
Поради лошите временски услови, затворени беа и бројни училишта – повеќе од 250 во Шкотска, над 150 во регионите Абердиншир, Мидлендс и Велс, како и во Северна Ирска.
Лошото време ја погоди и Франција. Националната метеоролошка служба „Метео Франс“ утрово стави шест департмани под портокалов метео-аларм поради снег и голомразица. Се најавуваат снежни врнежи од пет до 10 сантиметри, а возачите се предупредени на опасни и лизгави патишта.
Според француските власти, станува збор за изразен снежен бран кој може да предизвика сериозни проблеми во сообраќајот, особено во североисточниот дел од земјата. Температури под нулата, снег и силни налети на ветер беа причина за прогласување зголемена состојба на подготвеност.
Снежниот бран пристигнува од правец на Германија и земјите од Бенелукс, во зона погодена од остатоците на бурата „Горети“. Снегот ќе паѓа и на пониски надморски височини, од 200 до 300 метри.
Се очекува снежната покривка да достигне од седум до 10 сантиметри на височини од 300 до 400 метри, од 10 до 20 сантиметри меѓу 400 и 500 метри, додека во повисоките планински предели локално може да достигне и до 40 сантиметри.
Властите упатија апел до возачите на максимална внимателност, бидејќи во текот на ноќта од сабота кон недела се очекува дополнително опаѓање на температурите и зголемен ризик од создавање мраз на коловозите.
Европа
Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%
Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека закупот на живеалишта се зголемил за 21,1%, покажуваат податоците на Евростат.
Додека кириите бележат стабилен раст без поголеми турбуленции, цените на становите имале осцилации, со периоди на застој и фази на екстремно брз раст.
Унгарија рекордер по поскапување
Кога се набљудуваат поединечни земји, Унгарија е апсолутен рекордер по поскапување, со раст на цените на становите од 2015 година од дури 275%.
Покрај Унгарија, цените се повеќе од удвоени во уште 11 земји, а на врвот на листата се Португалија, Литванија и Бугарија, каде порастот надминал 150%.
Единствена земја со поевтини станови
Финска е единствената земја каде цените на недвижностите денес се пониски отколку пред десет години, со благо намалување од 2%.
Во наведениот период, зголемување на станарините е забележано во сите членки на ЕУ, а најтешка е ситуацијата во Унгарија, каде кириите се зголемени за 107%, односно повеќе од удвоени.
Висок раст на трошоците за домување е забележан и во Литванија, Словенија, Полска и Ирска, каде станарите се соочуваат со поскапувања од над 70%, објави Евростат.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.

