Регион
Унгарија покрена судска постапка против 24.000 имигранти
Полиција покрена постапка за повеќе од 24.000 имигранти коишто изминатиот викенд илегално влегле во Унгарија, а министерот за надворешни работи на оваа членка на Европската унија изјави дека повторното воведување контроли на границите во Шенгенската зона како одговор на бегалската криза, земјата ја чинело милијарди евра.
Унгарската полиција објави на својата интернет страница дека 23.991 лице се фатено на унгарско-хрватската граница и уште 636 бегалци на границата со Србија. Пет лица се притворени притоа, поради фалсификување документи.
Во саботата и неделата обвинителството му предало на судот 64 случаи против имигранти, поради нелегално влегување на територијата на Унгарија, соопшти канцеларијата на државниот обвинител.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сјарто изјави во интервјуто за деловниот весник Vilaggazdasag од понеделникот дека граничните контроли влијаеле врз мултинационалните компании кои придонесуваат за економскиот раст на Унгарија со својот голем удел во извозот на земјата.
Според Сјарто, овие компании имаат куси рокови за доставување на основниот материјал и крајниот производ, и доцнењата предизвикани од граничните контроли силно ги погодила. „Тоа би можело да има незамисливи ефекти врз производството на големите компании во Унгарија“, вели шефот на тамошната дипломатија.
Сјарто вели и дека не очекувал дела во резултатите од својата миграциска политика Унгарија ќе се оддалечи од западноевропските земји, но гледа „ризик“ дека соработката со арапскиот регион би можело негативно да влијае врз извештаите за антиисламското расположение во земјата. Оттаму, вели Сјарто, преземени се дополнителни напори за да му се покаже на арапскиот регион дека земјата и натаму е отворена и толерантна како што беше и претходно. Истакнува дека поголемо влијание треба да се насочи кон борбата против Исламската држава./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.