Регион
Црногорската опозиција на протести побара оставка од владата
Неколку илјади луѓе побараа во неделата во Подгорица оставка на црногорската влада на протестот кој го организираше опозицискиот Демократски фронт.
На протестот според процените на локалните медиуми се собрале околу пет илјади луѓе, главно поддржувачи на, како што се наведува, просрпските опозициски партии, кои бараат оставка од левичарската влада на премиерот Мило Ѓукановиќ и формирање нова преодна влада. Дел од црногорската опозиција, којашто себеси се нарекува државотворна, не го поддржа протестот.
Медиумите известуваат дека демонстрантите носеле знамиња на Црна Гора, Србија и на други земји, а собирот бил обезбедуван од јаки полициски сили. Сепак, протестот минал без инциденти.
„Падот на актуелната влада е неопходен предуслов за формирање нова преодна влада, којашто би била составена од сегашните парламентарни субјекти со ограничен мандат со цел да создаде услови за одржување чесни и демократски избори“, изјави функционерот на Демократскиот фронт, Страхиња Булајиќ.
Демонстрантите порачаа дека ќе останат на платото пред парламентот до исполнувањето на нивните барања. Во паркот наспроти Скупштината на Црна Гора се поставени шатори за оние кои ноќта ќе ја минат во Подгорица, а најавено е дека протестот ќе продолжи во понеделник.
Педесет итригодишниот Мило Ѓукановиќ на власт во Црна Гора е без прекин веќе 25 година, а премиер, по шести пат, стана во 2012 година. Беше претседател во периодот од 1998 до 2002 година.
Црногорските парламентарни избори се закажани за пролетта 2016 година. Оваа поранешна југословенска република има малку повеќе од 600.000 жители, а невработеноста е околу 20 отсто.
Црна Гора ги започна пристапните преговори со Европската унија во јуни 2012 година, а исто така претендира на членство во НАТО./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик не го признава геноцидот во Сребреница: „Ќе однесеме цвеќе, ако не навредува никого“
Во четвртокот, лидерот на Србија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот на Бошњаците за време на војната, но тој повторно негираше дека таму имало геноцид.
Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи дискусија пред Обединетите нации и се очекува гласање за Резолуција за осуда на геноцидот во тој град во летото 1995 година.
Резолуцијата е поддржана од дваесет земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување. Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница.
Водечките српски претставници од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик, тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.
„Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН бидејќи се што е напишано во неа е лага. Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна“, рече Додик.
Сепак, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница.
„Ако ни се укаже можност, на 2 мај ќе однесеме венци во Поточари, ако тоа не навреди никого. Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ, кој дојде да им оддаде почит на жртвите, изрази сочувство, а доби камен во главата и никој не одговараше за тоа“, истакна Додик.
Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница сепак нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.