Европа
Лавров: Украинската криза е предизвикана од желбата за поместување на Евроатлантската граница

Кризата во Украина е директна последица на обидите на Западот да ги задржи и да ги придвижи кон истокот линиите на раздвојување на евроатлантикот, Русија не сака конфронтации со никого но ќе ги брани своите интереси врз основа на меѓународното право, порача во средата шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.
Кризата во Украина е директна последица на обидите на Западот да ги задржи и да ги придвижи кон истокот линиите на раздвојување на евроатлантикот, Русија не сака конфронтации со никого но ќе ги брани своите интереси врз основа на меѓународното право, порача во средата шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.
„Украинската криза претставува непосредна последица од обидите на нашите западни колеги да ги сочуваат и да ги преместат кон истокот линиите на разграничување на евроатлантското пространство“, изјавил министерот за надворешни работи на Русија во Москва пред учесници на младински форум, пренесува РИА Новости.
„Ние се спротиставуваме на сите такви обиди, не сакаме конфронтација со никого, но многу цврсто ќе ги браниме своите национални интереси, ќе дејствуваме така како што сметаме дека е исправно, врз основа на меѓународното право коешто го почитуваме, и се залагаме за негово уважување од страна на сите држави, без исклучок“, додал Сергеј Лавров.
„Веруваме дека тоа е најдобриот начин да се осигурат националните интереси на Руската Федерација. Убедени сме дека колку поскоро нашите партнери, кои сé уште не ја осознаваат вистината за мултиполарниот свет, тоа го сторат, толку подобро ќе биде за развоја на целиот систем на меѓународни односи“, додал Лавров./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот в сабота наутро

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи в сабота наутро.
Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.
Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.
Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Европа
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.
Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.
Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.
Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.
Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.