Македонија
Вакцините со погрешен датум и денес забранети за снимање, ќе се уништуваат од понеделник
„Макфакс“ и денес не доби дозвола да ги сними вакцините со погрешен датум складирани на депото на „Макдонијалек“. За да се расчисти дилемата во јавноста дали вакцините се со истечен рок или навистина, како што уверуваат надлежните, се со неистечен рок на траење, но со погрешно залепени декларации, „Макфакс“ во петокот побара увид во пакувањата што треба да бидат уништени. Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Ќахил Ибраими, во петокот, не одобри снимање и изјави дека пристап до депото имаат само инспекторите од Агенцијата, а денес се огради од надлежноста врз запленетите вакцини со погрешен датум.
„Дилемата околу роковите е расчистена, рокот на дистрибуираните вакцини не е истечен, се работи за техника грешка во налепниците. Наместо одобрената налепница од МАЛМЕД, која кореспондира со податоците на пакувањето на вакцините, по грешка ‘Македонијалек’ залепила во одреден број на пакувања стари налепници. Доколку сакате лично да се уверите, обратете се во ‘Македонијалек’ каде што нашите инспектори ги скалирале вакцините со погрешна налепница“, изјави денес директорот Ибраими за „Макфакс“.
Од „Македонијалек“ денес, исто како и во петокот, велат дека се известени за барањето за снимање на вакцините, но не се јавија за да одобрат снимање.
Од Дрисла за „Макфакс“ изјавија дека вакцините со погрешен датум ќе стигнат на ред за уништување следната недела, поради дефектот на филтерот на печката за спалување медицински отпад.
„За дефектот поради кој не работи печката испративме допис до ‘Македонијалек’ во кој им укажавме дека дополнително ќе ги известиме кога ќе може да се уништат лековите. Очекуваме до следниот викенд дефектот да биде поправен и печката да почне со работа од понеделник кога ќе може да се уништат и вакцините“, рече Дијана Велјаноска од „Дрисла“.
Сомнежите за рокот на вакцината во јавноста ги подгреа Агенцијата по најавата дека и покрај неистечениот рок, вакцините ќе се уништуваат. Директорот Ибраими објасни дека уништувањето е согласно со член 106, став 1 точка 5 од Законот за лекови, каде се вели дека лекот се смета за неисправен ако е повлечен од употреба од која било причина. Треба да се уништат 624 кутии на вакцини PIORIX (ПРИОРИКС) од производителот GlaxoSmithKline Biologicals S.A. – Ринсенсарт, Белгија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДЗС со вежба го одбележа Светски ден на цивилната заштита
Со вежба за цивилна заштита и спасување во битолско викендов се одбележува 1 Март – Светски ден на цивилната заштита. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов во изјава за медиумите истакна дека овој ден е посветен на луѓето, без разлика дали се од институциите или од доброволните друштва, кои секогаш се во служба на безбедноста и заштитата на граѓаните при природни непогоди, несреќи, кризни состојби и други опасности.

По повод Светскиот ден на цивилна заштита, во соработка на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) и Доброволно противпожарно друштво (ДПД) „Архангел“ од Битола, беше реализирана дводневна вежба во Битола и кај манастирот „Св. Ѓорѓи“ во битолското село Велушина (во предел кон границата со Грција).

– Првиот ден се реализираше презентација на улогата на ДПД во системот за заштита и спасување со разменување теортетски и практични искуства и добри искуствени практики. Вториот ден, при показната вежба – симулација на настан „Гаснење пожар на отворен простор“ се примени јасна командно-контролна структура (ICS), со однапред утврдени улоги и одговорности во насока на јакнење на меѓуинституционалната соработка и со доброволните друштва, нагласи Ангелов.
Македонија
(Видео) Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека со Христијан Мицкоски на чело на Владата има драматичен пад на директните странски инвестиции од 61 отсто, односно намалување од 729 милиони евра во 2025 година во споредба со 2024 година.
„Во 2024 година има рекордна вредност на директни странски инвестиции од 1.196.000.000 евра, а сега во 2025 година само 467 милиони евра. Тоа е резултат на економската политика на оваа Влада – едноставно дебакл“, изјави Филипче, повикувајќи се на податоци од Народната банка.
Тој нагласи дека бројките значат работни места и благосостојба, посочувајќи дека во време на владите на СДСМ биле отворени 16 нови фабрики и над 10.000 работни места во технолошко-индустриските развојни зони.
Филипче тврдеше дека сега се бележи повлекување на компании и кратење на производствени линии, при што, како што рече, „илјадници работни места се под ризик“.
Тој ја обвини Владата за „тотална негрижа“, посочувајќи на, како што наведе, буџетски дефицит од близу две милијарди евра, издавање две еврообврзници во вредност од една милијарда евра и барање нови 300 милиони евра задолжување.
Филипче додаде дека СДСМ предложила зголемување на минималната плата и пренамена на буџетски средства, но дека власта го одбила предлогот. Според него, намалени се средствата за земјоделство и за пациенти со ретки болести, додека, како што рече, „има пари само за тендери блиски до врвот на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Нема напредок, нема дури ни стагнација – има назадување на сите процеси во државата“, изјави Филипче.
Македонија
Инвеститори граделе без одобрение во Охрид и Струга, инспекторатот наложил уривање
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.П. (46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Според полицијата, таа како инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот сектор во општина Охрид, изградила објект за домување. Надлежен инспекторат донел решение за отстранување на градбата.
ОВР Струга, пак, поднесе кривична пријава против М.М. (58) од Струга, исто така поради сомнение за „бесправно градење“. Пријавениот, како инвеститор, без правосилно одобрение од општинскиот орган, изградил објект за домување и гаража на катастарска парцела во Струга.

