Спорт
Сари нема да го минира евентуалниот трансфер на Азар


Менаџерот на Челси, Маурицио Сари, рекол дека доколку сака, Еден Азар може слободно да го напушти клубот. Италијанецот, сепак, се надевал дека тоа нема да се случи.
Азар изминатите месеци се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а самиот не крие дека уште од дете сонувал да го облече дресот на „кралскиот клуб“.
Бидејќи на Белгиецот во 2020 година му истекува договорот со Челси, гласни се шпекулациите дека Челси ќе му дозволи трансфер по завршувањето на сезоната.
„Еден има 28 години. Доколку сака да замине, тоа треба да се случи. Секако, јас се надевам дека работите нема да се движат во таа насока бидејќи има потенцијал да биде најдобриот фудбалер во Европа“, рекол Сари.
За разлика од ситуацијата во која се наоѓа Азар, тренерот на Челси нема намера да попушти во случајот на 18-годишниот Калум Хадсон-Одои. Тинејџерот побарал трансфер во Баерн Минхен.
„Калум мора да ги почитува клубот и Академијата. Има време за него. Доколку си еден од најдобрите фудбалери во Европа, тогаш мораш да бидеш свесен дека најмногу ти помогнала Академијата. Мора да го цени трудот што е вложен во него“, заклучил Сари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Се пишат три бода, Родриго за триумф на Реал во Виторија
Фудбалерите на Реал, славеа победа 2:1 на „Мендизороза“ во Вторија, над Алавес, во 16-то коло на шпанското првенство.
Работите не одат добро за Мадрид во последно време, па за Чаби Алонсо и тимот, победата во овој натпревар беше императив. До неа се стигна со многу мака, поради што се уште не е сигурна идноната на шпанскиот тренер.
Се чинеше дека Реал лесно ќе победи, кога Килијан Мбапе погоди за предноста во 24-та минута.
Тоа беше единствениот гол во првото полувреме, а вориот дел, поточно првата половина од овој дел од играта им припадна на домашните фудбалери.
За добрата игра беа нагадени со голот на Карлос Висенте, кој влезе во игра во 68-та минута, а 60 секунди подцна го изедначи резултатот.
Радоста на домашните траеше само неколку минути пред Родриго, на асистенција на Винисиус, да го постави конечниот резултат. Родриго по постот кој траеше осум месеци, или 32 натпревари, постигна гол и на вториот меч по ред, претходно погоди во средата против Манчестер Сити.
Со оваа победа, Реал се врати на четири бода зад лидерот Барселона. Алавес е на 12-то место.
Во следното коло, Реал ја пречекува Севилја, додека Алавес ќе гостува кај Осасуна.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Јувентус победи во Болоња
Фудбалерите на Јувентус ја победија Болоња на гостински терен (1:0) во дербито на 15-то коло од Серија А.
Херој на „Старата дама“, беше Хуан Кабал, кој постигна гол со глава во 64-та минута, по центаршутот на Кенан Јилдиз.
По директниот црвен картон за Торбјорн Хагем во 69-та минута, беше јасно дека тимот на Лучано Спалети ќе победи на „Ренато Дал’Ара“.
Болоња ќе жали за шансите во првото полувреме. Рикардо Орсолини имаше шанса во петтата минута, додека Надир Зортеа ја затресе гредата во судиското продолжение.
Летаргичното второ полувреме го прекина Кабал со одличен скок по комбинацијата на Јилдиз и Консеисао.
Со овој триумф, Јуве се искачи на петтото место, кое го држи со 26 бода. Тоа е седум помалку од водечкиот Интер.
Болоња нема победа три натпревари и моментално е шеста со 25 бода.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Кејн спречи сензација во Минхен
Три минути го дела Мајнц од најголемата сензација сезонава во Бундес лигата, но Баерн сепак успеа да се спаси од пораз. Хари Кејн со гол од пенал во 88-та минута не дозволи последно пласираниот тим на табелата да победи во Минхен.
Баерн поведе во 29-та минута со голот на суперталентираниот Ленарт Карл, но во судиското продолжение во првото полувреме, Потулски израмни.
Во 67-та минута, Ли Џе Сунг ја шокираше „Алијанц Арена“ со гол за водство на гостите, но во 88-мата минута, Хари Кејн постигна гол од пенал и ги постави конечните 2:2.
Мајнц, убедливо најслабиот тим во Бундеслигата оваа сезона, остана со само една победа, и со седум освоени бода.
Ова беше втор нерешен резултат за Баерн во 14 кола, но имаат убедлива предност на врвот, девет поени повеќе од Лајпциг и Борусија Дортмунд.
Foto/ depositphotos

