Спорт
Вулверхемптон од Атлетико го откупија договорот на Џони Ото Кастро
Шпанскиот репрезентативец Џони Ото Кастро потпишал постојан договор со членот на англиската Премиер лига Вулвехемптон. 24-годишниот играч изминатите шест месеци како позајмен играч од Атлетико Мадрид го носеше дресот на Вулверхемптон.
Џони Кастро, минатото лето ја напушти Селта и потпиша шест годишен договор со Атлетико. Според договорот Атлетико го испрати на едно годишна позајмица во Вулверхемптон.
Работите околу неговиот договор се сменија откако на „Ванда Метрополитано“ пристигна Алваро Мората. Атлетико мораше да го продаде Кастро за да остане во границите на финансискиот фер-плеј.
Вулверхемптон за откуп на договорот на Атлетико му платиле 18 милиони фунти (20 милиони евра). Левиот бек со Вулверхемптон потпишал договорот до 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус во Челси најде лев бек
Јувентус бара лев бек, а Бен Чилвел бара излез од „Стемфорд Бриџ“ бидејќи не игра. Двете страни оствариле контакт и може да се очекува Чилвел да пристигне во Торино во јануари и да ја засили „Старата дама“.
Англискиот репрезентативец не е во плановите на менаџерот Енцо Мареска, што се одразува и на неговиот статус во националниот тим, па затоа е цврсто решен да најде клуб каде што ќе игра.
Повредата на Хуан Кабал, кој ја заврши сезоната поради тешка повреда, го принуди Јувентус да се активира на пазарот во зимскиот преоден рок. Според информациите покрај лев бек, Јувентус бара и централен дефанзивец, бидејќи сезоната ја заврши и Бразилецот Бремер.
Чилвел го има квалитетот кој и е потребен на „Старата дама“ и може да се очекува наскоро да се постигне конечен договор.
Покрај Јувентус, интерес за Чилвел покажале Борусија Дортмунд и Вест Хем.
Чилвел е играч на челси од 2020 година, за неговиот трансфер од Лестер „сините“ издвоија 50 милиони евра.
🚨 Juventus could sign defender Ben Chilwell on loan in January, as the 27-year-old searches for game time at Chelsea.
(Source: @MailSport) pic.twitter.com/rm5Jl5M1ps
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 22, 2024
Спорт
Хакими се согласил да го продолжи договорот со ПСЖ
Ашраф Хакими, десниот бек на ПСЖ, ќе го продолжи договорот со клубот, тврди „Лекип“. Хакими кариерата ја започна во младинскиот тим на Реал, во Мадрид никогаш не доби вистинска шанса, одигра една сезона на позајмица во Борусија Дортмунд, а потоа се пресели во Интер. Пред три години од „Џузепе Меаца“ се пресели во ПСЖ.
Мароканецот и клубот од „Паркот на принцовите“ ќе потпишат нов договор до 2029 година, поточно Хакими ќе го продолжи актуелниот договор кој истекува во јуни 2026 година.
„На професионален план тој сè уште е на нивото на кое беше кога пристигнав овде, значи на многу високо ниво. Мислам дека одлично се вклопува со нашите карактеристики“, изјави неодамна тренерот Луси Енрике за Хакими.
Инаку, моменталната вредност на Хакими според „Трансфермаркт“ е 60 милиони евра.
Ашраф Хакими е актуелен репрезентативец и капитен на мароканската репрезентација за која забележа 82 настапи и постигна десет гола.
Спорт
„Лекип“: Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција
Килијан Мбапе (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Белгија одиграни во октомври во Лигата на нации. Објаснувањето тогаш беше дека тој останал во клубот за да санира повредата на мускулот на левата нога. Сепак, одличниот напаѓач ниту во ноември не беше дел од тимот на Дидие Дешам за средбите со Израел и Италија.
Дешам имаше објаснување зошто Мбапе не е со репрезентацијата: „Зборував со Килијан и донесов одлука. Подобро е вака… Мбапе сакаше да дојде“, изјави Дешам на прес-конференцијата, но не спомена дали се работи за повреда на напаѓачот на Реал.
Во отсуство на Мбапе на изминатите натпревари капитенската лента ја носеа играчот од средниот ред на Ал-Итихад, Н’Голо Канте (33), играчот од средниот ред на Реал, Аурелиен Чуамени (24) и дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате (25).
„Лекип“ пишува дека можно е Мбапе повеќе да не биде капите на Франција. Според овој извор, Дешам ќе разговара со Мбапе дали капитенската летна е преголем товар за него и дека во штабот на француската репрезентација биле импресионирани од лидерството што го покажал Конате. Затоа, тој изгледа како веројатен наследник на Мбапе.
Францускиот новинар Ромен Молина, кого на социјалната мрежа „X“ го следат 550.000 луѓе и кој пишуваше за Гардијан, Би-Би-Си и Си-Ен-Ен, на почетокот на ноември тврдеше дека Мбапе не сака да игра за Франција додека Дешам е селектор поради наводни меѓусебни несогласувања.
Дешам изјави дека одлуката да не се повика Мбапе за натпреварите во ноември е единствена за тој момент и нагласи дека нема дополнителни проблеми. Сепак, неименувани извори за „Лекип“, велат дека тоа е „неточна или нецелосна верзија на вистината“ и дека „ситуацијата е посложена од тоа“.
„Погрешно е да се убедуваат луѓето дека тоа е одлука на селекторот. Најважно е Мбапе повторно да ја најде среќата играјќи фудбал. Останатото ќе дојде“, изјави изворот за француските медиуми.
Изјавата на Дешам по мечот на Франција со Израел покажува дека ситуацијата не е толку едноставна како што тој првично рече. Тој истакна дека Мбапе не е санкциониран и додаде: „Факт е дека се наоѓа во комплицирана ситуација. Стојам зад него. Тој минува низ период од неговата кариера и јасно е дека не е најсреќен. Повторувам, сакаше да дојде , но мислам дека ова е подобро за него.
Секој има право да помине низ комплициран период, вклучени се физички и психолошки аспекти. Дали зборувавме или не, има различни толкувања. Внимателно го одмерувам она што го кажувам, не сакам да поттикнувам расправии кои не водат никаде“.
Мбапе играше за Монако и ПСЖ пред да дојде во Реал ова лето, по завршувањето на договорот со парижаните. Во кариерата постигна околу 300 гола, а на 25 години веќе собра 86 настапи и 48 гола за француската репрезентација.