Европа
Бунтовници тврдат дека за два дена собориле четири украински авиони
Проруските бунтовници во источна Украина соопштија во средата дека за два дена успеале да соборат четири јуришни авиони од типот „Сухој Су-25“ на украинските воздухопловни сили.
Проруските бунтовници во источна Украина соопштија во средата дека за два дена успеале да соборат четири јуришни авиони од типот „Сухој Су-25“ на украинските воздухопловни сили.
Според тврдењата на ткн народни милиции за самоодбрана на самопрогласените „народни републики“ во Донецк и во Луганск, во средата биле соборени два авиона „Су-25“ близу местото Дмитровка во источна Украина. Оваа информација за РИА Новости ја потврдил ткн премиер на Народната Република Бугарија, Александар Бородај.
За агенцијата и службата за односи со јавност на самопрогласената Народна Република Луганск изјавиле дека уште два авиона „Су-25“ биле соборени минатиот ден во областите на градови Зоринск и Красниј Лич. „Вчера милициите соборија дава ’Су-25’, ткн ’Грач’. Тоа се случи над Луганск, авионите се урнале во градовите Зоринск и Красниј Луч. Нема информација за пилотите сé уште нема“, изјавил портпаролот на ЛНР, Владимир Иногородцев.
Претходно во средата спикерот на информативниот центар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Лисенко, потврди за руската агенција, а портпаролот на украинската армија, Олексиј Дмитрачкивски за Reuters. дека бунтовниците во источна Украина собориле два борбени авиони на украинската армија од типот „Сухој Су-25“ во областа Дмитровка. За другите два авиона, наводно урнати над Луганск, Киев не објави никаква информација, ниту со потврда, ниту со демант./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.