Спорт
Сала загинал од страшни повреди на главата и бил идентификуван преку отпечатоци на прстите

Емилијано Сала загинал од повреди на главата и градите и морал да биде идентификуван преку отпечатоците на прстите, покажала аутопсијата на неговото тело во Дорсет, Велика Британија.
Сала, кој само што направи трансфер од Нант во Кардиф сити, леташе со пилотот Дејвид Иботсон кога нивниот авион падна во близината на Алдерни на 21 јануари. По потрагата организирана од семејството на Сала, беа пронајдени остатоци од авионот и телото на Сала на 4 февруари, додека телото на Иботсон уште не е пронајдено.
„Господинот Сала беше идентификуван на 7 февруари преку отпечатоците на прсти со помош на експертот Кристофер Бредбјури. Аутопсијата беше направена во ’Холи три лоџ’ во Дорсет, а како причина за смртта се наведува повреди на главата и градите“, изјави Јан Пери, претставникот на мртовечницата во Дорсет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вирц откри зошто го одбрал Ливерпул

Фудбалскиот клуб Ливерпул вчера официјално го претстави своето големо засилување Флоријан Вирц и го урна рекордот на Премиер лигата.
Германскиот офанзивен играч за врска е играч кој би можел да биде клучен во воспоставувањето на доминацијата на „Црвените“ во Премиер лигата.
Со него во тимот, гигантот од „Енфилд“ сигурно ќе го нападне трофејот од Лигата на шампионите.
Интересно е што Вирц рече одлуката да се пресели во Ливерпул, односно да го одбие Баерн Минхен, бил разговорот со менаџерот Арне Слот.
„Се сеќавам на нашиот прв разговор. Ми покажа каков фудбал сака да игра и како би се вклопил во тимот. Веднаш можев да се замислам себеси во Ливерпул, кој ќе се обидам да го подобрам од следната сезона“, рече Вирц и со тоа му оддаде голема заслуга на холандскиот стручњак, кој во својата прва сезона на клупата на Ливерпул го освои англиското првенство.
Спорт
Јубилејната 100.пол-позиција Маркез ја прослави со победа во спринтот во Муџело

Марк Маркез ја забележа својата осма победа во спринт трките оваа сезона.
Марк стартуваше од пол позицијата, 100-ти пат во неговата кариера, и славеше во спринтот на култната патека во Муџело.
Покрај возачот на Дукати, место на подиумот изборија неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати и колегата од Дукати, Франческо Бањаја.
На чело на колоната беше Алекс откако го престигна Банњаја, кој беше во водство откако Марк имаше бавен старт, но сè беше решено веќе во четвртиот круг кога Марк успеа да се пробие напред и потоа без проблеми ја заврши трката.
Банњаја успеа во последните два круга да им одолее на обидите на Маверик Вињалес да го загрози и да го задржи третото место.
Марко Бецеки возеше со оштетен мотор добар дел од трката по контактот со Педро Акоста, а на крајот сепак успеа да го задржи шестото место.
Од третото до десеттото место се пласираа:
Маверик Вињалес беше четврти пред Фабио ди Џанантонио, Марко Бецеки, Франко Морбидели, Раул Фернандез, Фермин Алдегер и Фабио Куартараро.
Трката во недела е закажана од 14 часот.
Спорт
Џабари Паркер две години во Партизан

Џабари Паркер наредната сезона ќе го носи дресот на Партизан. Српските медиуми тврдат дека некогаш вториот пик на драфтот, договорил две годишна соработка, за која ќе добие вкупно пет милиони евра.
Џабари Паркер има 30 години, висок е 203 сантиметри, роден е во Чикаго и пред да дојде во Европа играше за Милвоки, Чикаго, Вашингтон, Атланта, Сакраменто и Бостон. Изминатите две сезони играше во Барселона две сезони.
Откако за наредната сезона Барселона потпиша договор со Торнике Шенгелија, Паркер и Каталонците спогодбено се разделија.
Минатата сезона, во дресот на каталонскиот тим, имаше 13,8 поени и четири скока по натпревар во Евролигата. Паркер беше прогласен и за член на втората најдобра петорка на АЦБ лигата оваа сезона.