Македонија
(Видео) Иванов: Да не ги заборавиме никогаш и да им помагаме на нивните семејства

„Кога некој умира, знаеме дека тоа не е минливо во животот. Кога се случуваат вакви настани, тие се поболни оти тие што сме ги очекувале да пристигнат никогаш не дошле. Се вели дека луѓето не умираат кога ќе ги погребаат, туку кога ќе ги заборават. Овие луѓе да не ги заборавиме, да им помагаме на нивните најмили“, рече претседателот Ѓорге Иванов на комеморацијата во Општина Гостивар, која се одржува за 14-те загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Скопје-Тетово.
Според Иванов, ова е поука секојпат да бидеме внимателни, да имаме предвид дека нешто што е најскапоцено е животот. „Овие луѓе ги изгубиле плановите… Животот е краток и нека биде исполнет со среќа, а не со тага. Изразувам сочувства до семејствата, општините, државата. Вакви настани да не се случуваат. Нека им е вечна слава“, рече претседателот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вреди: Пописот беше дело на ДУИ, Албанците беа оставени како странци во сопствената земја

Вреди остро ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека создава неправди врз Албанците, а потоа вината ја префрла врз други.
„ДУИ се преправа дека е загрижена за правичната застапеност на Албанците, но вистината е горчлива: тие ја создадоа неправдата што денес ја осудуваат“, стои во соопштението на ВЛЕН.
Оттаму потсетуваат дека Законот за попис бил изготвен и предложен токму од министрите и пратениците на ДУИ, меѓу кои Бујар Османи, Артан Груби, Фатмир Бесими и Арбер Адеми. Тие додаваат дека во законот биле внесени одредби кои, според нив, ги третираат Албанците од дијаспората како странци во сопствената земја.
„Резултатот не е статистичка грешка, туку намерно намалување на бројот на Албанците и напад врз правичната застапеност. Тоа е историска неправда и едно од најголемите предавства на албанската кауза“, наведуваат од Вреди, додавајќи дека додека раководството на ДУИ се занимавало со бизнис интереси, Албанците доживеале неправда од државата.
Во соопштението се истакнува дека Вреди ќе биде коректор на „свесните грешки на ДУИ“ и дека нема да дозволи повторно фалсификување на бројките и достоинството на Албанците.
„Нема амнестија за политичка вина. Времето на измама заврши, сега е времето на албанскиот граѓанин“, порачаа од Вреди.
Македонија
На Табановце се чека до 15 минути за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот е зголемен, особено надвор од градските средини, поради летните одмори.
На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 10 до 15 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од земјата.
Во меѓувреме, поради пожар во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје е целосно затворен за сообраќај.
Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, строго да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде што постои можност за појава на одрони. Како критични делници се посочуваат патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Попладне дожд и грмежи во западните делови

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладневните часови носат локален пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат меѓу 11 и 20 степени, додека максималните ќе достигнат од 25 до 33 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали. Северниот ветер ќе дува умерено, а повремено и засилено. Температурата ќе се движи од утрински 17 до максимални 31 степен.
Според прогнозите, во недела ќе продолжи да дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието ќе биде засилен, што ќе предизвика намалување на дневните температури. Од почетокот на следната недела пак, се очекува стабилизирање на временските услови и благ пораст на дневните температури.