Црна хроника
Велешкиот суд потврди дека ќе има четврто судење за Ореше
Велешкиот суд потврди дека Апелациониот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за случајот Ореше и дека ќе има повторно судење за овој процес во велешкиот суд.
Во велешкиот суд сé уште не стигнал предметот, но очекуваат да стигне многу скоро.
Судот во Велес донесе ослободителна пресуда за браќата Ордан и Љубе Ѓорѓиевски, обвинети дека го убиле Лазо Милошевски и за Ѓоре Петровски, кој долго време живеел во САД, а беше обвинет дека е нарачател на убиството.
Браќата беа двапати осудени на 12 години затвор, а пролетва добија ослободителна пресуда. Заштитениот сведок Златко Арсовски „Бреза“ го промени текот на судењето кога го откри својот идентитет и изјави дека не било вистина тоа што го кажувал дека браќата се извршители на убиството, а Петровски нарачател, туку дека бил присилен да го каже ова под притисок на безбедносните служби.
Во четвртокот беше пуштен во куќен притвор новинарот на весникот „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски, кој беше обвинет дека го открил идентитетот на заштитениот сведок во овој случај.
Новинарот беше уапсен во акцијата „Ликвидација“ во која што беа уапсени и судии, обвинители, адвокати вклучени во случајот Ореше. Во 2005 година беше убиен 71-годишниот Лазо Милошевски од велешкото село Ореше, но сè уште не е откриено кој го убил старецот./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

