Црна хроника
Македонија има рок од 18 дена да достави барање за екстрадиција за Божиновски
Македонија е должна во рок од 18 дена да достави барање за испорачување на новинарот Зоран Божиновски изјави портпаролката на Вишиот суд во Нови Сад, Светлана Томиќ Јокиќ јавува српската агенција Бета.
Според неа, Божиновски ќе биде во притвор додека конечна одлука не донесе Министерството за правда на Србија. Бранителот на Божиновски поднел жалба на одлуката да му биде одреден екстрадиционен притвор.
Како што јавува телевизија во Нови Сад, Божиновски таму имал изнајмено два стана, а бил уапсен во еден од нив во Лиман. При претресот, пронајдени и одземени се компјутерска опрема со податоци, како и новинарска документација.
Божиновски бил уапсен во четвртокот во 20 часот за шпионажа, злосторничко здружување и уцена./крај/бета/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.