Контакт

Сцена

Интернационален детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“

Објавено пред

Третиот Интернационален детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето” ќе се одржи од 23-ти до 25-ти ноември 2015 година во просториите на Младинскиот Културен Центар (сцена Фросина).
 

dobivaj vesti na viber

Третиот Интернационален детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето” ќе се одржи од 23-ти до 25-ти ноември 2015 година во просториите на Младинскиот Културен Центар (сцена Фросина).

 

Програмата вклучува претстави од Шпанија, САД, Србија и Македонија, работилница за сенки со раце, презентација на фигури, видео проекции и по некое изненадување.Фестивалот започнува со работилницата за сенки со раце, раководена од Валериа Гуглиети. На работилницата во горното фоаје на сцена Фросина во МКЦ, со поставено платно и насочен рефлектор актерката ќе демонстрира различни фигури, ликови и форми кои се направени само со движење на рацете и прстите. Следува претставата „Танцот на рацете” на театарот Sombras Chinas од Шпанија, спектакл кој мистично раскажува приказни одиграни со сенки од раце. Театарот Сенки и облаци од Македонија со претставата „Нашиот штрк Силјан” ќе го прослави својот 10-ти роденден. Круме Стефановски, основоположникот на оваа театарска група заедно со бројни изведувачи, соработници, музичари, артисти и истомисленици, кои низ годините биле скапоцен дел од оваа театарска дружина, се единствените во Македонија кои творат со техниката на театар на сенки за публика од најразлични возрасти. Влечејќи корени од Karadjoz уметничката традиција (воведена за прв пат во Македонија од Турците пред повеќе векови) претставите на театарот Сенки и облаци прераснуваат во модерна изведба со едукативни елементи. Во вторник публиката ќе има можност премиерно да ја проследи претставата „Нашиот штрк Силјан“ работена според народната приказна за Силјан штркот. Претставата зборува за одговорноста, работливоста и љубовта на Силјан кон своите најблиски во миговите на искушение, кога е штрк и подоцна кога е човек. Претходно публиката ќе може да проследи презентација на фигури за театар на сенки од Индија, Кина, Тајланд, Турција, Индонезија, водена од Андреа Каспари. Последниот ден од програмата на фестивалот „Сонот на облачeто” ќе бидат изведeни две претстави. Театарот Firefly Shadow Theatre од САД ќе ја изведе „Волкот и трите прасиња – (ново гледање на старата приказна)“ каде публиката ќе ја открие вистината за пријателството и неговата моќ преку ликовите на трите волка и едното прасе. Театарот Le Studio од Србија со „Новогодишната ноќ на едно девојче“ ќе го докаже тврдењето од бајките дека желбите стануваат реалност само кога силно се посакуваат. Пријатниот простор на фоајето пред сцената Фросина ќе биде дом на Изложбата на лампи со сенки, рачно изработени од неколку локални уметници кои решија да сонуваат во боја. “Lotus Design” ќе се погрижи за удобноста на посетителите на фестивалот, Nesquik и Јаболчело ќе обезбедат освежување, а интерактивните (криви) огледала ќе се “одговорни” за нивото на расположение кај сите посетители. „Сонот на облачето” е фестивал кој децата, како најискрена публика, ги доближува до суштинското значење на уметноста наречена театар, а тоа е постојаната игра на тенката линија помеѓу реалноста и имагинацијата. Можноста за запознавање и со техничката реализација на оваа уникатна форма, ја вметнува задолжителната нота на едукативни елементи кога станува збор за правилен раст и развој на најмладите. Темите на претставите зборуваат за традиции, културни вредности но и добро познати ликови и приказни. Фестивалот во својата публика редовно вбројува и деца кои припаѓаат на одредени општествено маргиналиизрани групи. Изминатите години дел од дружбата беа децата од СОС детско село,  Трисомија 21 (асоцијација за деца со Даунов синдром и нивните семејства), а годинава фестивалот бесплатно ќе го следат децата од Шутка центарот.  Организатор на фестивалот е  Здружението „Сенки и облаци“ од Скопје, кое со поддршка од Министерството за култура, градот Скопје и Младинскиот културен центар во Скопје по трет пат ќе ѝ овозможи на најмладата публика да ужива во магијата на театарските претстави со сенки. Билетите се во продажба на билетарницата на Младинскиот културен центар по цена од 120 денари, а за организирани посети (+10 посетители) цената на билетот изнесува 100 денари.Програма:23-ТИ НОЕМВРИ, ПОНЕДЕЛНИК 18:00 ч. Работилница за сенки со раце со Валериа Гуглиети, Шпанија (1 час) 19:30 ч. „Танцот на рацете“, Sombras Chinas, Шпанија (45 мин.)20:30 ч. Коктел и изложба на лампи со сенки24-ТИ НОЕМВРИ, ВТОРНИК18:30 ч. Презентација на Андреа Каспари, САД на фигури од Индија, Кина, Тајланд, Турција, Индонезија (30мин.)9:30 ч. „Нашиот штрк Силјан“, театар Сенки и облаци, Македонија (40 мин.)25-ТИ НОЕМВРИ, СРЕДА19:30 ч. „Волкот и трите прасиња – (ново гледање на старата приказна)“, Firefly Shadow Theatre, САД (15 мин.)20:00 ч. „Новогодишната ноќ на едно девојче“, Theatre Le Studio, Србија (15 мин.)/крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија

Објавено пред

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.

„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет1 час

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет1 час

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа1 час

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет1 час

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија18 часа

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...

Топ18 часа

Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија19 часа

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...

Регион20 часа

Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот...

Регион22 часа

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Бугарија: „На 5. кат сме, се тресевме 10-ина секунди“

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 8.16 часот наутро, а беше почувствуван и...

Македонија23 часа

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде што го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа23 часа

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион23 часа

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет24 часа

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа24 часа

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Македонија1 ден

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет1 ден

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион1 ден

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион1 ден

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...