Европа
Кремљ: Во Донбас се бореле само руски доброволци
Во борбите меѓу силите на прозападните власти во Киев и милициите на рускојазичното население во источна украинска област Донбас можеле да учествуваат само доброволци од Русија, и секакви други интерпретации за наводна вмешаност на Русија и присуство на руски војници во украински конфликт не се точни, изјави во петокот на прес-конференција портпарол на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги медиумските извештаи во врска со изјавите на претседателот Владимир Путин на редовната голема прес-конференција во четвртокот на која меѓу 1.400 акредитирани домашни и странски новинари учествуваа и десетици претставници на украинските медиуми.
„Тоа е апсолутно неточно“, одговори Песков на прашањето дали може да се каже дека во Донбас се наоѓале руски воени експерти, пренесува агенцијата ТАСС.
„Медиумите погрешно интерпретираат“, додаде портпаролот на Кремљ, коментирајќи ги претпоставките во медиумите за учество на припадници на руското воено разузнавање во конфликтот на истокот од Украина.
„Очигледно е, доколку без предрасуди ги погледнете изјавите на Путин, дека тој повеќепати зборуваше за наши државјани, за државјани на ЗНД (Заедницата на независни држави – поранешните советски републики) кои самостојно се упатиле во зоната на конфликтот, од различни професии, па и воени, кои користеле отсуство или годишен одмор, и потоа се враќале во своите земји. Се разбира дека имало такви луѓе и тие заминале таму, тоа се луѓе кои во тој период ја изразиле својата солидарност со Донбас, кои сметале дека е неприфатливо да се помират со фактот дека Вооружените сили на Украина уништуваат населени места во југоисточниот дел на Украина“, додал Песков.
„Таму имаше војна, и луѓето одеа таму да војуваат. Пукале, учествувале во борбени дејствија…“, рекол Песков потврдно одговарајќи на прецизираното прашање дали станува збор само за доброволци од Русија на украинското боиште, наспроти обвинувањата на Киев и Западот дека во воените дејствија во Донец и Луганск учествувале и регуларни руски единци, што Москва одлучно редовно го отфрла.
Песков, исто така, истакнал дека во моментов е забележана друга ситуација кога “некои луѓе паднаа во рацете на оние кои врбуваат за исламистите“. Портпаролот на Кремљ потсетил дека според сознанија на безбедносните служби, „жртви на екстремистичката индоктринација на Исламската држава“ се над 2.000 руски државјани, кои се во терористичките редови.
Во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин одговарајќи на новинарските прашања реле дека „никогаш не рековме дека таму (во Донбас), нема луѓе кои се од некои специфични професии, вклучително и од воената сфера, но тоа не значи дека таму имало присуство на регуларни руски војски“./крај/мф/сн
Извор: ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

