Спорт
Милан ќе пазари во Загреб кај Динамо, тројца играчи на радарот, Олмо највреден (фото)

Според пишувањата на „Калчомеркато“, италијански Милан е заинтересиран во своите редови да доведе тројца играчи на Динамо Загреб. Доколку се точни информациите, „росонери“ би можеле да станат Дани Олмо, Николо Моро и Антонио Марин.
Најзаинтересирани челниците на Милан се за Шпанецот Олмо, за кого постои откупна клаузула од 25 милиони евра.
Сепак, се чини Милан ќе има силна конкуренција за Олмо.
„Дриблингот и асистирањето се најјаките сегменти во неговата игра. Дани Олмо е вистински талент кој Милан го следи веќе неколку месеци. Хрватскиот клуб сигурно нема да го продаде за помалку од 25 милиони евра, што значи дека аукцијата за Шпанецот може да почне. Барселона размислува за негово враќање назад по пауза од 4 години. Во Германија Борусија Дортмунд следи отстрана“ – пишува „Калчомеркато“
⚽️? Il #Milan sta seguendo con attenzione la #DinamoZagabria: sul taccuino sono finiti i nomi di #Olmo, #Moro e della stellina classe 2001 #Marin @cmdotcom
— Daniele Longo (@86_longo) February 26, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чаби Алонсо може да замине, но само во некој од неговите поранешни клубови

Се погласни се гласините дека Чаби Алонсо е приоритет на Реал Мадрид и дека е потенцијална замена за Карло Анчелоти.
Кон крајот на минатата сезона Чаби Алонсо се поврзуваше со Ливерпул, но ниту еден момент не сакаше да се вмеша во никакви шпекулации. Имаше мисија, да ја освои титулата и со тоа да ја круниса сезоната во која Баер без пораз стана германски шампион.
Алонсо и сега не коментира ништо што не е конкретно поврзано со неговиот тим и натпреварите кои претстојат, но медиумите повторно се занимаваат со шпекулации.
Едно е сигурно дека Баер нема да му застане на патот на Алонсо доколку тој сака да го напушти клубот.
Алонсо има излезна клаузула во договорот, која ја потврди и Баер.
„Доколку се појави клуб за кој играше Чаби во кариерата, ќе седнеме и ќе разговараме. Нема да го спречиме ако сака да си замине“, изјави Фернандо Каро де Прада, извршен директор на тимот од Леверкузен.
„Чувството е дека шансите се 50:50. Нема да чекаме до крајот на сезоната. Мораме да донесеме одлука што поскоро бидејќи тоа влијае на нашите планови, на тимот и на подготовките. И ние и Чаби сме свесни за тоа. Тоа е одлука што не можеме да ја одложиме и таа мора да биде донесена релативно брзо”, изјави Каро за „Скај Спорт Германија“.
Според информациите, менаџерот на Алонсо веќе е во контакт со Реал и одлуката ќе биде позната многу брзо.
Спорт
Ѓоковиќ: Не знам кога ќе се пензионирам, дали ти знаеш?

Новак Ѓоковиќ за точно еден месец полни 38 години, многумина се прашуваат уште колку ќе игра, меѓу нив е и новинарот на шпански „АС“.
„Не знам, дали ти знаеш“, возврати со смеа најдобриот тенисер на сите времиња, додека Шпанецот инсистираше да добие одговор: „Не знам, да почекаме“.
Ѓоковиќ синоќа беше во Мадрид на доделувањето на наградата Лареус на најдобрите спортисти во светот. Тој му ја врачи наградата на брилијантниот шведски атлетичар Арман Дуплантис.
😱 ¡@DjokerNole habla sobre su retiro! pic.twitter.com/ptSzIQJ5r1
— Diario AS (@diarioas) April 21, 2025
Спорт
(Видео) Брејк на Детроит во Њујорк

Детроит Пистонс ја забележаа првата победа во НБА плејофот од мај 2008 година.
Пистонс го совладаа Њујорк Никс со 100:94 во „Медисон Сквер Гарден“ и израмнија на 1:1 во првото коло од Источната конференција.
Како и на првиот меч, Пистонс во последниот период од натпреварот влегоа со осум поени предност, но младиот тим од Детроит повторно им дозволи на Никс да врати во натпреварот со своите грешки и на нешто повеќе од минута до крајот домаќините израмнија на 94:94. Сепак, за разлика од првата средба во која му дозволија на ривалот да ја искористи таа динамика (Никс направија 21:0 во 4/4), овојпат Пистонс возвратија.
Денис Шрудер погоди тројка на 55 секунди до крајот за да ја прекине серијата од 15 порази во плејофот.
Кејд Канингем ги предводеше Пистонс со 33 поени (11/21 од поле), со 12 скока и три асистенции. Шрудер додаде 20 поени (3/5 тројки) со три загубени топки, додека Тобијас Харис со 15 поени и 13 скока и Џејлен Дурен со 12 поени и 13 скока со три блокади забележаа дабл-дабл.
На Никс не им помогнаа 37.поени на Џејлен Бренсон (12/27, 4/12 тројки), заедно со седум асистенции.
Микал Бриџис додаде 19 поени со пет скока и три украдени топки, додека Оу-Џи Ануноби, Карл-Ентони Таунс и Џош Харт постигнаа по 10 поени.