Црна хроника
Усмртен пешак кај Крива Паланка

Маж почина по здобиените повреди здобиени во сообраќајна несреќа во четвртокот, на магистралниот пат кај Крива Паланка
Несреќата се случила околу 13,50 часот во четвртокот, кај месноста Љијаков, кога автомобил „даеву“ управуван од 20-годишниот Н.Д.(20) од Крива Паланка, удрил во пешакот, 74-годишниот Мијалко С, исто така, од Крива Паланка кој поради сериозноста на повредите починал на пат кон Ургентен центар Скопје./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен велешанец, при претрес пронајдена дрога

Вчера во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 47-годишниот И.Л. од Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес пронашле и одзеле бела тврда материја и две дигитални ваги.
И.Л. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Обид за убиство во Виница: маж избоден четирипати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од овој град, по вербална расправија, со нож нападна друг маж, Д.С., нанесувајќи му четири убодни рани.
По нападот, напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот.
Сепак, полициските службеници по обезбедувањето на оперативни сознанија синоќа во Кочани го приведоа, Н.В.
Надлежното јавно обвинителство е известено и се работи на целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.