Македонија
(Видео) Заев: 31 партија застана зад Пендаровски
„Се обединивме сите етнички заедници за првпат, различните групи за првпат застануваат зад еден кандидат – натпартиски, европски за сите. Стево Пендаровски е човекот кој добро го познавате. Направи многу за Македонија. Тој донесе одлука да ја влече земјата напред, а не назад”, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со коалиционите партнери, по која ја потврди информацијата дека сите застанале зад кандидатурата на Пендаровски за претседател.
Според Заев, 31 партија застанала зад кандидатурата на Пендаровски, што според него, е голема работа. „Тоа е патриотизам, тоа е татковинство, покажавме дека на прво место ни е татковината, а потоа се партиските интереси”, порача премиерот.
Тој упати благодарност до Радмила Шекериска, Оливер Спасовски, Никола Димитов и другите кандидати, кои според него, се „локомотиви” на Владата, кои одлучиле да дадат предност за натпартискиот кандидат Стево Пендаровски.
„Да живее да нашето заедништво, да живее Република Серверна Македонија со нашиот претседател Стево Пендаровски, кој ќе биде претседател на сите граѓани”, додаде Заев.
Тој најави дела одлуката ќе треба да биде верификувана и на партиски конгрес кој ќе се одржи в недела. Одлуката ќе треба да ја верификуваат и останатите коалициони партнери во партиските тела.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на новинарско прашање зошто токму Стево Пендаровски, изјави дека според анкетите тој бил најприфатлив за членството на ДУИ во споредба со другите кандидати. Затоа ДУИ одлучил да застане зад него и смета дека тој ќе ја добие нивната партиска поддршка.
Во однос на прашањето зошто на изборите во 2014 година, ДУИ не му даде поддршка на Пендаровски, кој беше кандидат за претседател на СДСМ, Ахмети рече дека тогаш не бил консензуален кандидат, а со ВМРО-ДОПМНЕ не можеле да постигнат договор за заеднички кандидат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

