Црна хроника
Седуммина, од кои четири малолетни битолчани притворени поради насилство
Битолската полиција поднесе во саботата кривична пријава против седум лица, од кои четворица се малолетни поради тоа што во четвртокот вечерта демолирале кафеана повредувајќи тројца гости.
Кривични пријави се поднесен против 38-годишниот М.Ј, 42-годишниот Е.И, 18-годишниот Н.Ш и четири малолетни лица со иницијали С.Д, Џ.К, В.К и Е.И, коишто се осомничени за сторено кривично дело „насилство“ и „тешка телесна повреда“.
Пријавените на 7-ми ноември околу 21:30 часот влегле во кафеана на улицата „1 Мај“ и со дрвени, метални и пластични предмети, како и со шишиња и ножеви ги нападнале тројца свои сограѓани на 28, 27 и 30-годишна возраст при што им нанеле повреди, расеченици на рацете, потрес на мозок, фрактура на десна клучна коска и контузија, коишто биле констатирани од лекар.
„Повредените биле гости во кафеаната во која биле присутни и други лица кај кои предизвикале чувство на несигурност и страв. Трите полнолетни лица се приведени и по целосно расчистување и документирање на настанот се предадени на истражен судија при Основен суд Битола. Одреден им е притвор до 30 дена“, информираше портпаролката СВР Битола, Магдалена Димитровска./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

