Македонија
(Видео) Помалите етнички заедници бараат раководни функции во новото министерство
Помалите етнички заедници гледаат шанса нивни припадници да дојдат до поодговорни функции со формирањето на новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Пратеникот од Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим, реагира денеска дека во законот не е прецизирано кои заедници се опфатени, дали верски, ЛГБТ или етнички и праша како ќе функционира Агенцијата за унапредување на правата на заедниците помали од 20 отсто, како и секторите надлeжни во министерствата за култура и образование, кои сега со измените на законите ќе бидат под надлежност на новото министерство.
Реагира и пратеникот Зеќир Рамчиловиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека новото министерство треба да биде шанса за припадниците на помалите етнички заедници да добијат раководни функции во извршната власт и предложи со ова министерство да раководи припадник на бошњачката заедница.
Според Артан Груби, пак, не се загрозуваат правата на ниедна заедница и рече дека во новото министерство се пресликани надлежностите на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, кој сега ќе се укине, а координаторот на ДУИ, Ејуп Алими, рече дека потребата произлегла од квалитативна анализа на Охридскиот договор и од програмата на ДУИ од 2016 година. Поддршка за оваа иницијатива, како што рече тој, имало од сите партии од власта и од опозицијата.
Новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се формира со измени на Законот за Владата и Законот за организација и работа на органите на државната управа. Заклучокот за законските измени да одат на второ читање на матичните комисии помина со 61 глас „за“ и два „воздржани“. Измените на законите според предлагачите треба да стапат во сила на 1 јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

