Македонија
Ѓорче Петров донираше за социјално загрозеното семејство од Долно Лисиче, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Трајче Конески и Моника Антевска од Долно Лисиче заедно со своите две деца, 9 годишниот Бојан и 2 годишната Бојана и понатаму секојдневно водат борба да преживеат. По сторијата која ја објави „Макфакс“ освен граѓаните и општината Ѓорче Петров, ниту една од државните институции не се најде да му излезе во пресрет на ова социјално загрозено семејство. Трајче Конески се обратил до општината Аеродром каде и припаѓа населбата Долно Лисиче, но оттаму добил само празни ветувања.
„Неколку пати се обратив во општината Аеродром за помош. Ми велеа дека ќе дојдат да не посетат, но се уште ги нема. Последниот пат кога се јавив ми спуштија слушалка“, вели Конески.
Додека од општината Аеродром одбиваат да помогнат, денеска во руинираната куќа на ова семејство се појавија службеници од општината Ѓорче Петров кои во име на општината донираа храна, средства за лична хигиени и останати намирници.
„Хуманоста не познава гранници. Општина Ѓорче Петров се приклучи кон повикот на вашата редакција да му помогнеме на семејствето Анетвски и Коневски од Долно Лисиче. Во рамки на своите можности, локалната самоуправа донираше храна, пијалоци, средства за лична хигена и оддржување. Хуманитарниот пакет се состоеше од мелко, млечни производи , месни производи, основни намирници за исхрана (брашно, шеќер, сол) свежо овошје и зеленчук, конзервирана храна и храна која има подолг рок на траење. Во делот на хигената дониравме средства за одржување на личната хигена како и средства за одржување на кујната и тоалтетот“, вели Емилија Блажевска од општината Ѓорче Петров.
На 38-годишниот Трајче пред 6 години му се дијагностицирани дископатија и дискусхернија, но принуден е да работи 14 часа на ден за да донесе парче леб за своето семејство. Конески работи во градежна фирма каде што зема минимална плата од 12 илјади од кои 7 веднаш му ги одземаат извршителите и банките, па така ова четиричлено семејство се бори за живот со 5 илјади денари месечно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.