Топ
Мицкоски се сретна со пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Средбата се одржа по барање на Мицкоски, информираа од оваа пратеничка група, но повеќе детали за што разговарале не откриваат.
„На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, ставовите за реформските закони и идните предизвици за Македонија“, се наведува во кусото соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека се одржала двочасовна средба, на која, како што велат, се разговарало за функционирањето на правото и правната држава, како и за реформските закони, во кои спаѓа и Законот за јавното обвинителство, што го опфаќа и функционирањето на СЈО.
Средбата следува по двете рунди пропаднати преговори на работната група меѓу власта и опозицијата, како и по најавите на власта дека, освен преговори со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поддршка за законот ќе бара поединечно од пратениците за обезбедување двотретинско мнозинство.
Во октомври минатата година Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска-Старова, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Зеќир Рамчиловиќ. Заедно со пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ тие гласаа за отворање на Уставот, со што го обезбедија потребното двотретинско мнозинство за уставните измени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице
Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице.
Според информациите од МВР, околу во 14.50 часот, во угостителски објект, од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил С.А..
„На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош“, информираат од МВР, од кадешто додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Топ
Турски државјанин најден починат во хотел во Охрид
Шеесет и тригодишен државјанин на Турција, во текот на вчерашниот ден бил најден починат во хотел во Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека пријавата ја добиле вчераутро, а станува збор за лице со иницијали Х.К..
Доктор од итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото, извршија полициски екипи.