Црна хроника
МВР го презентираше случајот на организираниот шверц на цигари кон Бугарија
Министерството за внатрешни работи, односно Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, продолжи со активностите за целосно расчистување и документирање на криминалoт на организираната група криумчари, која беше разоткриена на почетокот на месецов, поточно на први април, во обид нелегално да пренесат поголемо количество цигари од Македонија во Бугарија.
Во рамки на продолжението на акцијата откриени се местата, односно гаражите каде што биле полнети возилата со цигари. На тие места биле вршени и модификациите на возилата за да бидат сокриени цигарите, а при преземените дополнителни дејствија утврден е и начинот на работење како и хиерархиската структура на оваа група. Освен овие факти важни за натамошната постапка, откриени се и одземени и дополнителни количества цигари подготвени за криумчарење во соседна Бугарија. Од извршените претреси во спорните објекти беа пронајдени уште вкупно 790 кутии цигари (730 од марката „Мерилин” и 40 кутии од марката „ЛД”), две патнички и две теренски возила, 14 патрони за ловна пушка, како и телефонски апарати, сим картички и тефтер за евиденција за должничко-доверителски односи на физички лица.
Од преземените мерки, утврдено е дека групата започнала со криминални активности во 2012 година, а нејзини организатори се три лица од кои едно од Крива Паланка, едно од село Драмче и едно од село Копаница. Тие со цел стекнување со противправна имотна корист ја организирале криминалната група за криумчарење акцизна стока-цигари од Македонија во Бугарија, односно нелегално пренесување на истите преку граничната линија користејќи ги легалните премини и т.н „диви премини” на зелената линија кон државната граница со угарија, вклучувајќи ги во групата и другите четири лица во различните фази на нивното криминално делување.
Сите тие делувајќи организирано со посебни задолженија во посочениот двегодишен временски период организирале повеќе транспорти, односно криумчарење на акцизна стока, односно цигари од Македонија во Бугарија. Тоа го правеле така што по претходен меѓусебен договор и договор со засега непознати бугарски државјани, најпрво на посебни локации полнеле возила со бугарски национални ознаки со цигари (со и без акцизни маркици). Притоа речиси секогаш користејќи по две возила, (од кои едното задолжено за обезедување на возилото со кое се пренесувале цигарите), а потоа ги транспортирале во Бугарија.
Од досега превземените мерки и активности утврдено е дека членовите на оваа криминална група за периодот од 2012 до 2014 година организирале пет транспорти на акцизна стока цигари од Македонија во Бугарија, односно прокриумчариле вкупно 34.450 кутии цигари од марките „Трокадеро”, „Јорк” и „Мерилин Слим”, при што се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 5.300.000 денари.
Првиот транспорт го извеле на 16.04.2012 година кога двајца од организаторите на групата набавиле 3.500 кутии цигари од марката „Мерилин Слим” и „Трокадеро”, коишто со автомобил „БМВ” со бугарски ознаки се обиделе да ги прокриумчари во Бугарија, но биле запрени од бугарската полиција и против едно лице организатор по коешто сé уште се трага била поднесена кривична пријава во Бугарија.
На 07.02.2014 година бугарската полиција запленила вкупно 9.500 кутии цигари кои членовите на оваа криминална група користејќи автомобили „лада” и „опел омега”, со бугарски ознаки успеале да ги прокриумчарат во угарија преку зелената линија на македонско бугарската граница. Од страна на бугарската полиција биле забележани во атарот на бугарското село Брестово, но во обидот да бидат запрени, истите успеале да побегнат од лице место. По извршени проверки за „лада”-та било утврдено дека ја управувало токму веќе пријавуваното лице во Бугарија.
На 21 и 28.03. годинава со возило марка „пежо 306″ караван со бугарски регистарски таблички во Р.Бугарија успеале да прокриумчарат вкупно 1.280 кутии цигари од марката „Мерилин Слим” кои во близина на Ќустендил, ги предале на лице бугарски државјанин.
Сепак, на први овој месец при обид на членовите на групата да пренесат акцизна стока-цигари во Бугарија со возило „форд експлорер” со бугарски ознаки, во близина на селото Панчарево кај Делчево, присилно се сопрени од страна на наши полициски службеници при што во возилото се пронајдени вкупно 19.480 кутии цигари од марките „Јорк” и „Мерилин Слим”. Лицата во моментот на сопирањето се дале во бегство, но по преземени полициски мерки, истите се пронајдени и лишени од слобода.
Инаку, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по извршената заплена на акцизна стока-цигари на први овој месец на вкупно 19.480-те кутии цигари, под раководство на Јавното обвинителство и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и по дополнително обезбедени криминалистичко-разузнавачки информации и наредби за претрес од надлежен Судија за претходна постапка, изврши вкупно 15 претреси во дом и други простории на подрачјето на Крива Паланка и Делчево.
Досега до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против седум лица на возраст од 22 до 30 години, од кои петмина од Крива Паланка а по еден од село Драмче, делчевско и село Копаница, кривопаланечко. Тие се сомничат за кривичните дела „злосторничко здружување” и „криумчарење”.
Судија за претходна постапка на петмина од пријавените им изрече мерка притвор во траење од по 30 дена./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин
Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода 56-годишниот М.Г. од Република Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.
При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола. При извршен преглед пак, во полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки електронски цигари.

По целосно документирање на случајот, против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.378 – „фалсификување исправа“ и по чл.278 – „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик.
фото: МВР
Црна хроника
Пријавено оштетување на стаклото на влезната врата на Амбасадата на Бугарија
Вчера во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот.
Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата.
На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот, извести МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
фото: МВР
Црна хроника
Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.
„Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка.
Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал вербална расправија, а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удрил во пределот на главата.
Жртвата се повлекла во спалната соба од станот, каде осомничениот насилно ја турнал на креветот, го зел нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на подот, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и телото и нанел телесни повреди – контузија и хематоми.
Јавниот обвинител го имаше предвид фактот дека жртвата претходно го имала пријавено осомничениот за семејно насилство, но потоа го повлекла предлогот за кривично гонење. Затоа, заради обезбедување на присуството на осомничениот во текот на кривичната постапката и особено заради заштита од понатамошни насилни однесувања кон оштетената, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, стои во соопштението на Обвинителството.

