Црна хроника
Референт украл пари од продажба на гробни места во Охрид

Референт во ЈП „Градски гробишта“ – Охрид украл 92.000 денари од продажба на гробни места со фалсификување на потписот на директорот и сторнирани фискални сметки, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 26-ти јуни, во ЈП „Градски гробишта’ дошло лице кое сакало да куи две гробни места. Референтот за наплата и доделување на гробни места Н.С. (55) му рекол дека е потребно време за да изготвување на договорите за купопродажба кои лично ќе му ги однесе заедно со фискалните сметки.
Притоа, истиот изготвил две фискални сметки во износ од 92.000 денари, кои ги сторнирал, а договорите не ги дал за книжење во сметководство туку ги уништил. На оштетениот му дал два фалсификувани договори со фалсификуван потпис на директорот на јавното претпријатие со што присвоил 92.000 денари.
СВР Охрид против Н.С. поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.