Црна хроника
Машки труп пронајден во средно училиште во Велес

Машки труп облеан во крв пронајден е во четвртокот попладнето во Велес, во дворот на Гимназијата и Хемиското училиште.
Трупот го забележале случајни минувачи, кои веднаш ја алармирале полицијата и Итната медицинска служба, јави порталот Лисица.
Сеуште во шок Марија Миџова раскажува за страотната глетка.
„Јас го видов телото од далеку, човекот беше во крв, и се исплашив. Воздрасен човек, стар околу 90 години, далеку беше, но и од крвта неможев да видам кој е човекот дали го познавам или не“ рече Миџова.
Полицијата и Итната медицинска служба ја алармирал друг случаен минувач.
„Викнав брза помош и полиција, дојдоа одма, кога отидов видов човекот беше целиот во крв. На педесетина метри од него имаше шешир, веројатно негов бил“, вели очевидецот.
Според кажувањата на очевидците лекарот од итната медицинска служба ја констатирал смрта на старецот.
Полицијата го обезбедува местото додека јавен обвинител вршеше увид. Телото на починатиот старец ќе биде предадено на Судска медицина од каде се очекува да се добие и одговорот која е причината за настанатата смрт.
Од СВР Велес најавија дека со официјална информација ќе излезат штом заврши истрагата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица, соопштија надлежните.
Црна хроника
Тројца повредени, меѓу нив и малолетник: „митцубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Црна хроника
Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема.
Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.