Контакт

Локални Избори 2017

Полиција ги обезбедува Силјановска, Пендаровски и Река за време на кампањата

Објавено пред

Од понеделник, 1 април, кога почна изборната кампања, кандидатите за претседател на државата во првиот круг, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река ги обезбедува полиција од Одделот за обезбедување личности или попознат како шестата управа, велат од МВР „Макфакс“.

dobivaj vesti na viber

„По утврдувањето на листата на кандидати за претседател на Република Северна Македонија и добиено известување од Државната изборна комисија, Министерството за внатрешни работи постапи согласно членот 5 став 3 од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат видовитеа мерки и активности и степените на обезбедување, каде децидно е наведено дека со вонредни мерки и активности за обезбедување се обезбедуваат и кандидатите за избор на претседател на Република Северна Македонија за времетраење на изборната кампања“, велат од МВР за „Макфакс“.

Според Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, планот за вонредно обезбедување на личностите зависи од видот на манифестацијата што се обезбедува, бројот на присутните граѓани, безбедносната состојба, времето на настанот, временските услови, должината на траењето на обезбедувањето и причините поради кои се врши обезбедување.

Одговорниот полициски службеник за обезбедувањето, изработува план за вонредно обезбедување, што го одобрува полицискиот службеник кој го определил обезбедувањето.

Планот, меѓу другото, треба да содржи безбедносна проценка за објектот и просторот на кој се врши обезбедувањето, бројот на ангажирани лица, начин на вршење на обезбедувањето, конкретни задачи на полициските службеници кои го вршат обезбедувањето, вооружување и опрема на полициските службеници, сообраќајните средства, средства за врски и други технички и помошни средства, начин на регулирање на сообраќајот…

Во случај кога е потребно, началникот на Секторот за внатрешни работи, на чие подрачје се реализира вонредното обезбедување, може да побара помош од Централните полициски служби.

МВР не соопшти детали за обезбедувањето на Река, Силјановска и Пендаровски, но за време на претседателските избори 2014 година, тогашните кандидати за претседател им следуваа најмалку тројца државни телохранители: оперативец кој делува антитерористички, контролор на рутата на кандидатот кој е во контакт со сообраќајците и лично обезбедување кое дејствува на повик.

Локални Избори 2017

Пендаровски во Бутел: Граѓаните нема да ги делам по вера, нација или партија

Објавено пред

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на граѓанската трибина со жителите на Бутел истакна дека оваа општина со децении е пример за тоа како треба да функционира концептот едно општество за сите и заедништвото помеѓу граѓаните од различните етнички заедници.

dobivaj vesti na viber

„Овде, во оваа општина, го минав најголемиот дел од животот со луѓе од сите етнички заедници. Мојот слоган е Заедно напред, тоа значи обединување, а не делби. Едно општеттво за сите е концептот што почнавме да го реализираме од 2016 година. Јас ќе бидам претседател на сите граѓани и нема да делам по верска, национална или политичка припадност“, рече Пендаровски.

Кандидатот за претседател нагласи дека оваа генерација политичари се зафатила и ги решава најтешките прашања. Тоа доведе до покана за членство во НАТО и во јуни да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Со ова, рече Пендаровски, нашите политички претставници рамноправно ќе учествуваат во решавање на светските прашања, ниедно прашање за Македонија, нема да се решава без Македонија. Тоа ќе значи отворање на европските фондови, повеќе инвестиции, нови работни места и повисок стандард за сите граѓани.

По Бутел, Пендаровски попладнево ќе учествува на граѓански трибини во скопските општини Шуто Оризари и Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Daily news

ДИК: До 13 часот во Чаир гласале 150 лица

Објавено пред

Без проблеми и непрекинато се одвива гласањето на гласачкото место 2901 во општина Чаир каде што се прегласува вториот круг од локалните избори.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гучевска до 13 часот од вкупно запишаните 719 избирачи гласале вкупно 150, што претставува 20,86 отсто.

Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност дококлу е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.

Прикажи повеќе...

Daily news

ДИК: До 10 часот гласале 32 лица во Чаир

Објавено пред

До 10 часот на гласање излегле 4,45 отсто од запишаните гласачи или 32 лица во гласачкото место 2901 во општина Чаир, каде денеска се прегласува за градоначалник, соопшти Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

Според портпаролката на ДИК, Љупка Гучевска, гласањето започнало навреме и се одвива непрекинато.

Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност дококлу е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија6 часа

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...

Македонија10 часа

Стоматолошката комора тврди – нема неправилности, Министерството за здравство ја брани одлуката за преземање на лиценцирањето

Претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на прес-конференција изјави дека повеќекратните контролни надзори не откриле неправилности во работењето на Комората....

Македонија11 часа

Почувствуван земјотрес во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија12 часа

Се намалуваат цените на дизелот и на бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија12 часа

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба: Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар...

Македонија13 часа

(Видео) „Началникот од Демир Хисар, кој недолично се однесувал кон друго лице, веќе е разрешен, нема штитење поединци“, вели Манасиевски

„Моралот и принципите се спроведуваат на дело. Нема веќе штитење на поединци затоа што биле блиски до една, друга или...

Македонија13 часа

(Фото) Пожарот во атарот на селото Долно Дупени ставен под целосна контрола

Пожарот во атарот на село Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и...

Македонија13 часа

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување...

Македонија15 часа

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

„Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и...

Македонија16 часа

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје првпат не е прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет16 часа

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп – Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...

Свет18 часа

(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на „Ал џезира“

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на „Ал џезира“, Анас ал-Шариф (28), во напад врз градот Газа обвинувајќи...

Европа18 часа

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од...

Македонија19 часа

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија19 часа

Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Четворица пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје

Четворица пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во...

Македонија1 ден

ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка...

Топ1 ден

Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри...

Топ1 ден

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила...