Црна хроника
Мајка го фрлила детето од зграда, па се фрлила и таа
Мајка и дете се борат за живот, откако во понеделник наутро, мајката најпрво го фрлила детето од зградата во која живееле, а потоа се фрлила и таа, соопштуваат од полицијата.
Како што потврдија од МВР за Макфакс, утрово во 9.05 часот пријавено е дека мајка се заканува дека ќе се фрли од зграда во скопската населба Хиподром, заедно со своето малолетно дете.Околу 9.30 часот таа го фрлила детето, родено 2009 година, чиј пад бил ублажен од пожарникарите и полицајците кои го дочекале детето, и веднаш било префрлено во Ургентниот центар со тешки телесни повреди.Во 10.20 часот, од зградата се фрлила и мајката, која поради падот се здобила со тешки телесни повреди и се бори за живот. И таа е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата ја утврдува причината за таквата одлука на мајката./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

