Регион
Анкара: Уапсениот за терористичкиот напад во Бангкок не е турски државјанин

Лицето кое е притворено во врска со терористичкиот напад во тајландската престолнина Бангког, имал фалсификуван турски пасош и не е државјанин на Турција, изјави во средата претставникот на турското министерство за надворешни работи, Танжу Билгич.
Во експлозијата од 17-ти август во посетуваниот деловен и туристички кварт на Бангкок пред познатото хиндуистичко светилиште Ераван, загинаа 21 лице и уште 123 беа ранети, од кои најмногу странски туристи од кои најбројни се кинески. Според, досегашните извештаи, во истрагата на тајландската полиција досега е приведен најмалку еден државјанин на Турција.
„Бевме информирани од тајландските власти за апсењата на осомничени за нападот, кај едниот од нив бил откриен турски пасош. Медиумите известуваа дека тој е државјанин на Турција. Сепак, дури и според фотографијата јасно е дека пасошот е лажен, и нашиот амбасадор на Тајланд потврди дека тоа лице не е државјанин на Турција“, изјави Биглич за медиумите.
Додаде дека турските власти се во тесни контакти со органите на прогонот во Тајланд, во истрагата на терористичкиот напад во Бангкок.
Според тајландските медиуми, досега во врска со експлозијата се приведени осум осомничени, од кои седум се странски државјани а еден е жител на Тајланд. На јавноста ѝ е познат идентитетот на тројца од нив, и тоа кај двајца се најдени турски пасоши а кај едниот на Кина.
Претходно беше објавено дека во неколку станови кои ги изнајмила Тајланѓанка која живеела во Истанбул во Бангкок живееле повеќе лица, а оти во становите се најдени турски пасоши, претежно лажни, и материјали за подготвување експлозивни направи.
Сомнежите одат кон припадници на туркофонската етничка заедница Ујгури чии стотици сонародници беа депортирани од Тајланд во Кина од каде што бегаат, како што велат поради репресија на тамошните власти, додека Пекинг ги обвинува за сепаратизам и извршување терористички напади од позиции на радикален исламизам./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.