Свет
Брунеи: Шеријатските закони се за да превенираат, а не да казнуваат
Министерството за надворешни работи на Брунеи соопшти дека воведувањето на шеријатските закони има цел да превенира, а не да казнува, по острите критики од светот поради воведувањето на строгите исламски закони.
Според новите закони, прељубата и сексот помеѓу двајца мажи се казнува со каменување до смрт. Брунеи соопшти дека во рамките на законот ќе има висок праг за докази, што укажува дека казната ќе биде ретка.
Оттаму велат дека шеријатот не криминализира врз основа на сексуална ориентација или верување вклучувајќи ги и истите полови односи.
Криминализацијата на прељуба и содомија е да се заштити светоста на семејната лоза и бракот на индивидуалните муслимани, особено на жените, се наведува во соопштението.
Ова оправдување на законот следува кога ОН ги нарече казните сурови и нечовечки.
Нафтеното исламско кралство Брунеи минатата недела најави дека ќе почне со примена на нов кодекс на однесување, кој предвидува и казни со каменување за неверство и содомија и им овозможува на судовите да ги казнат крадците со сечење на нивната десна рака како одраз на конзервативното влијание во исламската Југоисточна Азија.
На оние што ќе бидат фатени како крадат вторпат, ќе им биде отсечено левото стапало, се наведува во дел од исламските закони објавени на веб-страницата на владата во Брунеи. Тие исто така ја одобруваат смртната казна за изведување одредени видови црна магија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

