Контакт

Европа

НАТО се мачи со формирање на силите за брзо дејствување

Објавено пред

Основањето на силите за брзо дејствување на НАТО, што се смета за еден од главните одговори на Алијансата на присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Русија, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија, изгледа многу потешко отколку што се очекуваше поради недостигот од опрема и кавгите околу финансирањето, истакнуваат дипломатите.
 

dobivaj vesti na viber

Основањето на силите за брзо дејствување на НАТО, што се смета за еден од главните одговори на Алијансата на присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Русија, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија, изгледа многу потешко отколку што се очекуваше поради недостигот од опрема и кавгите околу финансирањето, истакнуваат дипломатите.

 

Челниците на НАТО се договорија на почетокот од септември на самитот во Велс се договорија за формирање посебни единици со 5.000 припадници на пешадијата, со поддршка од воздух и од море, како и од специјални сили, со што се настојува да се смират источноевропските сојузници на границата со Русија или Балтичките земји кои имаат значителни руски малцинства, поради акциите на Москва во кризата во Украина.

Челниците ги замислија како сили способни за брзо дејствување во случај на тензии и проблеми во источна Европа, во земјите коишто порано беа дел од Советскиот сојуз или од Варшавскиот воен договор кој беше идеолошката противтежа на НАТО во периодот од блоковската Студена војна, но денес се членки на Алијансата.

„Утврдивме дека основањето на тие сили е многу потешко отколку што очекувавме кога таа одлука ја носевме во Велс“, изјави за Reuters британскиот амбасадор во НАТО, Адам Томсон.

Една од причините е намалувањето на вооружените сили на НАТО, што ја намали можноста за разместување на опремата ширум Европа по завршувањето на Студената војна.

„Далеку се оддалечивме од способноста којашто Алијансата ја разви за колективната одбрана во текот на Студената војна“, истакнува Томсон.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на состанокот во вторник ќе разгледаат дали по самитот е остварен напредок. Алијансата очекува дека министрите за одбрана до февруари 2015 година ќе ја одобрат големината и системот на силите за брзо дејствување. Меѓутоа, дипломатите не очекуваат дека ќе бидат оперативни до 2016 година.

Друг дипломат во НАТО, кој сакал да остане анонимен, за агенцијата рекол дека во фокусот на дебатата за споменатите сили е „кој ќе ги плати и кој ќе ги обезбеди војниците и опремата“.

Европските сојузници очекуваат главна улога, но веројатно поради долгогодишните кастрења на воените буџети ќе мора повеќе да се потпрат на САД, најголемата воена сила во НАТО, за да помогне во превозот на тешката опрема и при надзорот.

Помалку од стотина војници на НАТО би требало да бидат распоредени во секоја од балтичките земји, како и во Полска, Романија и во Бугарија, поради организацијата на брзото распоредување. Силите за брзо дејствување би ротирале секоја година меѓу државите, а водечка улога би имале најопремените сојузнички земји Велика Британија, Франција и Германија./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

По протестот за железничката несреќа во Атина се фрлаа молотови коктели

Објавено пред

Непознати лица фрлале молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите.

dobivaj vesti na viber

Инцидентите се случиле на само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот, па така полицијата не употребила солзавец.

Тензиите се пренесоа во долниот дел на плоштадот Синтагма, каде што побегнаа маскираните лица, а специјалните полициски сили употребија солзавец.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

Објавено пред

Украинските беспилотни летала нападнаа неколку руски нафтени објекти синоќа вклучувајќи ја најголемата рафинерија на „Роснефт“ во Рјазан и складиште за нафта во окупираниот регион Луганск. Веста ја потврди Роберт (Мадијар) Бровди, командант на украинските беспилотни сили, објави „Киев индепендент“.

dobivaj vesti na viber

„Бензинот (во Русија) е при крај, а гасот и нафтата бргу исчезнуваат“, напиша Бровди на социјалните медиуми.

Жителите на Рјазан, град на 180 километри југоисточно од Москва, им ги пријавија на руските медиуми експлозиите околу 2 часот наутро, проследени со голем пожар што го осветли ноќното небо. Фотографиите и видеата што бргу се проширија на интернет покажаа густ црн чад што се издига од рафинеријата на јужните периферии на градот.

Објектот, со капацитет од 13,8 милиони тони годишно, веќе беше цел на украински беспилотни летала на 2 август кога две од неговите три главни единици беа принудени да се затворат.

Регионалниот гувернер Павел Малков изјави дека осум дрона биле соборени, а остатоците паднале врз индустриската зона тврдејќи дека немало жртви или штети на станбени згради. Тој не коментира директно за извештаите за пожарот во рафинеријата.

Во меѓувреме, во окупираниот регион Луганск локалните жители пријавија дека виделе црн чад доцна во четвртокот вечерта. Мадјар потврди дека украинските беспилотни летала погодиле складиште за нафта во регионот, иако обемот на штетата сè уште не е познат.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборило вкупно 92 украински беспилотни летала.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Руски дрон уби двајца мажи и една млада жена во Украина

Објавено пред

Во напад со руски беспилотни летала загинаа три лица во регионот Харков во источна Украина, изјави синоќа гувернерот Олег Синегубов.

dobivaj vesti na viber

„Околу 21:30 часот по локално време, Русите го нападнаа селото Хотимља со беспилотни летала“, напиша тој на Телеграм. Во нападот загинаа двајца 40-годишни мажи и една 25-годишна жена, рече тој. Двајца други мажи се исто така повредени и хоспитализирани.

Украина: Жртвите работеле на поправки на патишта
Синегубов, исто така, рече дека некои од жртвите работеле на поправки на патишта.

Претходно во четврток, двајца украински деминери беа убиени за време на руски напад во северна Украина, во област што руските сили ја окупираа на почетокот на инвазијата, објавија украинските власти и една невладина организација.

Руското Министерство за одбрана, од своја страна, извести за „уништување на точка за подготовка и лансирање на беспилотни летала со долг дострел што им припаѓаат на украинските вооружени сили во регионот Чернигов“, негирајќи дека жртвите биле хуманитарни работници.

Неколку предупредувања за воздушни напади беа издадени во Украина синоќа по самитот на Коалицијата на волните во Париз.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет1 час

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија2 часа

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија2 часа

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет4 часа

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија11 часа

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија15 часа

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје16 часа

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...

Македонија16 часа

На Табановце чекање и до 40 минути, АМСМ апелира за трпение

Долги колони возила се создаваат на граничниот премин Табановце, каде што за излез и влез во државата се чека и...

Свет17 часа

Во Украина има 700.000 руски војници, еве каде е најголемата концентрација

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) информираше дека на територијата на Украина моментално има околу...

Скопје18 часа

Таксистите добиваат 200 електрични возила, Меџити го претстави проектот кој ќе го чисти воздухот

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес на работен состанок...

Економија21 час

Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според...

Македонија23 часа

Илиевски: Дали за торба пари Мицкоски продаде државни тајни?

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, денес одржа прес-конференција на која ја истакна загриженоста на партијата за одбивањето на Христијан Мицкоски...

Македонија23 часа

СДСМ призна дека ги прислушкувал Мицкоски, новинари и бизнисмени, вели Петрушевски

СДСМ призна дека го прислушкувал и го следел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и новинари и бизнисмени, обвинуваат од...

Свет23 часа

„Не одам кај терористот“, Зеленски ја отфрли понудата на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли идејата на рускиот лидер Владимир Путин за билатерална средба во Москва, објави Укринформ,...

Свет1 ден

Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

Израелската армија утрово издаде итен апел до палестинските цивили во Газа да се евакуираат кон југ на градот, со цел...

Македонија1 ден

Учениците се оставени без учебници, родителите печатат материјали од Вибер, реагираше СДСМ

Образовниот систем во Македонија ја почна хаотично новата учебна година, откако се покажа дека учениците немаат учебници, иако од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет1 ден

Трамп: Америка нема само да се брани, туку ќе оди во војна

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која Министерството за одбрана на земјата се преименува во Министерство за војна,...

Македонија1 ден

Македонци заминуваат кон грчките плажи, продолжениот викенд предизвика хаос на „Богородица“

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но зголемената фреквенција на возила поради летните одмори и...

Македонија1 ден

Летни температури во септември, Скопје до 35 степени

Граѓаните на Македонија денеска ќе уживаат во сончево и топло време со слаба до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки...