Свет
(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот претедател Владимир Путин.
За неговото пристигнување на железничката станица „Хасан“ во приморскиот регион беше приреден дочек со цвеќиња и традиционално добредојде со леб и сол, пренесе агенцијата РИА.
Руски војници се забележани како маршираат во формација надвор од железничката станица во Владивосток како подготовка за пристигнувањето на Ким.
Заедно со Ким во возот патувала и екипа на државната телевизија. Ова е прва средба на севернокорејскиот лидер со рускиот претседател.
Кремљ соопшти дека двајцата лидери ќе се сретнат утре во близина на пацифичкиот крајбрежен град Владивосток и ќе разговараат за нуклераниот проблем на Корејскиот Полуостров.
Според информациите, Ким ќе бара поддршка по неуспешните разговори со американскиот претседател Доналд Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шефот на ОН: Газа е поле за убивање а цивилите се во бесконечен круг на смртта

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го отфрли новиот израелски предлог за контрола на испораката на помош во Газа, велејќи дека тоа може да доведе до дополнителни контроли и бесчувствително ограничување на помошта до последната калорија и зрно брашно.
„Да бидеме јасни, нема да учествуваме во никаков аранжман што не ги почитува целосно принципите на хуманост, непристрасност, независност и неутралност“, изјави Гутереш за новинарите. Ниту една помош не е доставена до палестинската енклава од околу 2,1 милиони луѓе од 2 март. Израел рече дека нема да дозволи влез на стоки и залихи во Газа додека палестинските милитанти на Хамас не ги ослободат сите преостанати заложници.
COGAT, израелската воена агенција која ја координира помошта, се состана со агенциите на ОН и меѓународните хуманитарни групи минатата недела и рече дека предложила структуриран механизам за следење и добивање помош во Газа.
„Механизмот е дизајниран да ги поддржува хуманитарните организации, да го подобри надзорот и одговорноста и да обезбеди помошта да стигне до цивилното население кое има потреба, наместо да биде пренасочена и украдена од Хамас“, објави COGAT завчера на платформата X.
Џонатан Витал, висок претставник на ОН за помош за Газа и Западниот Брег, минатата недела рече дека нема докази за пренасочување на помошта. Израел продолжи со бомбардирањето на Газа минатиот месец по двомесечното примирје и испрати војници назад во енклавата.
„Газа е поле за убивање, а цивилите се во бесконечен циклус на смрт“, рече Гутереш, повторувајќи го својот повик за итно и безусловно ослободување на сите заложници, траен прекин на огнот и целосен хуманитарен пристап до Газа. Тој додаде дека испораката на ОН е спречена поради затворените премини кон Газа и блокадата на помошта.
„Како окупаторска сила, Израел има јасни обврски според меѓународното право, кое вклучува меѓународно хуманитарно право и меѓународна заштита на човековите права“, рече Гутереш. Тоа значи дека Израел треба да ги олесни програмите за помош и да обезбеди стандарди за храна, медицинска нега, хигиена и јавно здравје во Газа, рече тој. „Ништо од тоа не се случува денес“, нагласи тој.
Свет
(Видео) Зеленски објави снимка: „Заробивме двајца Кинези, се бореа на страната на Русија“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили заробиле двајца кинески војници во борбите на истокот на земјата. Според него, украинската војска се судрила со вкупно шест кинески војници, од кои двајца завршиле во заробеништво. Зеленски додаде дека побарал објаснување од Пекинг.
Our military has captured two Chinese citizens who were fighting as part of the Russian army. This happened on Ukrainian territory—in the Donetsk region. Identification documents, bank cards, and personal data were found in their possession.
We have information suggesting that… pic.twitter.com/ekBr6hCkQL
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 8, 2025
„Имаме информации дека во редовите на окупаторските сили има значително повеќе кинески граѓани од овие двајца. Во моментов се обидуваме да ги дознаеме сите релевантни факти“, рече Зеленски. Тој додаде дека заробените мажи со себе имале документи кои можат да го потврдат нивниот идентитет.
„Мешањето на Русија во оваа војна со Кина, директно или индиректно, е јасен знак дека Путин не сака да го прекине конфликтот. Напротив, тој бара нови начини за негово продолжување“, рече украинскиот претседател.
Зеленски тврди дека Кина на тој начин се усогласила со Русија во нејзината агресија против Украина и истакна дека очекува реакција од Соединетите Американски Држави.
Украинскиот министер за надворешни работи објави дека повикал кинески дипломат во министерството за да побара објаснување. Андриј Сибиха на платформата X напиша дека учеството на кинеските граѓани „како дел од руската армија“ ја доведува во прашање официјалната кинеска позиција за залагање за мир. Тој додаде дека таквото однесување го поткопува кредибилитетот на Пекинг како одговорен постојан член на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Свет
(Видео) Маск го нарече советникот на Трамп идиот

Елон Маск му возврати жестоко на Питер Наваро, еден од главните советници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го идиот.
Зборувајќи за CNBC, Наваро рече дека Маск „не е производител, туку само составувач на автомобили“ кога станува збор за царините и трговијата.
„Маск сака евтини странски делови, а ние сакаме да ги произведуваме дома“, рече Наваро.
Овие коментари очигледно предизвикаа бурна реакција кај шефот на Tesla, кој возврати со навреда на социјалната мрежа X.
Navarro is truly a moron. What he says here is demonstrably false.
— Elon Musk (@elonmusk) April 8, 2025
„Наваро е навистина морон. Она што тој го кажува овде е бесрамна лага“, напиша Маск.
Претходно Вашингтон пост објави дека Маск лично побарал од Трамп да ги повлече царините, повикувајќи се на два неименувани извори.
Медиумот потсетува дека Маск вчера сподели видео на Х во кое ја поддржува слободната трговија – што се толкува како јасна критика на политиката на воведување на царини на Трамп.