Компании
Стопанска Банка АД Скопје со најдобри полугодишни резултати во текот на своето работење
Менаџментот на Стопанска Банка АД Скопје во средата соопшти дека банката во првото полугодие од 2015. ги остарила најдобрите полугодишни резултати во текот на нејзиното долгогодишно работење.
Нето добивката по оданочување остварена за првите шест месеци од 2015 година надминува 1,1 милијарди денари (околу 18 милиони евра) , и во споредба со истиот период од мината година е повисока за 34,9 отсто.
Сите клучни финансиски индикатори, како: Поврат на актива (RoA), Поврат на капитал (RoE), Нето каматната маргина (NIM) и Трошоци во однос на приходи (C:I) забележаа натамошно подобрување во однос на истиот период од минатата година, кога исто така, беа на импресивно ниво, с евели во соопштението.
Посебно се нагласува фактот дека, и депозитната основа, и квалитетот на кредитното портфолио, се на многу задоволително ниво, и овозможуваат нови перспективи и можности за натамошно реализирање на успешни перформанси од аспект на добивката, капиталот и ликвидносната позиција на Банката во наредните години.
Како продолжение на истата стратегија, која се применува во изминатите 15 години, Стопанска Банка и оваа година ја задржа остварената добивка во својот биланс, со цел за натамошно зајакнување на капиталната позиција, создавајќи поголеми можности за ефикасна поддршка на економијата, следствено, како што постапуваше во сите изминати години.
Во овој контекст, последното Собрание на акционери на банката одржано во јули, 2015 година, донесе одлука значителен дел од добивките реализирани во текот на минатите години, поточно 35 милиони евра во денарска противвредност, да се пренесе во регулаторниот капитал на банката, со што стапката на адекватност на капиталот се зајакнува уште повеќе и изнесува 17,7 отсто.
Овие резултати на Стопанска Банка остварени во првото полугодие од 2015 година уште еднаш јасно ја рефлектираат долгорочната определба и довербата која Банката ја ужива во целата заедница, особено од страна на клиентите – физички и правни лица, стои во соопштението. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)