Црна хроника
Малолетник со секира повредил врсник при цепење дрва

Малолетник со секира повредил свој врсник додека цепеле дрва на улица „Моша Пијаде“ во Куманово, во складот за огревно дрво „Дабо Груп“.
Три момчиња, едниот на возраст од 22 години и двајца четиринаесетгодишници биле ангажирани да исцепат дрва. Додека работел едниот четиринаесетгодишник покрај него поминало другото момче на иста возраст кое се занело и ја ставило левата рака на трупецот на кој првиот цепел дрва. Притоа, со секира во пределот на малиот прст од левата рака го повредил неговиот врсник кој се занел и паднал. Повреденото момче било пренесено во Клинички центар Скопје на понатамошо лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Јавен обвинител констатирал постоење на кривично дело „предизвикување општа опасност“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.