Црна хроника
Запленети над 88 килограми марихуана
Запленети над 88 килограми марихуана во два куфера и три јутени торби во автомобил.
Дрогата била запленета пред три дена околу 19:50 часот на локалниот пат Велес- Башино Село на околу сто метри пред бензинската станица. Полицајците запреле автомобил „фолксваген венто“ со кумановски регистарски ознаки управувано од скопјанец, во сопственост на друго лице.На задните седишта биле забележани два куфера, а додека, пак, во багажниот простор на возилото, биле пронајдени три јутени торби со тревкаста материја. Од страна на полициските службеници за настанот веднаш бил известен јавен обвинител и од страна на судија за претходна постапка добиена е усна наредба за претрес на возилото.При извршениот претрес на возилото на задното седиште во двата куфера биле пронајдени 84 најлонски пакувања со травкаста материја, а во багажниот простор во јутените торби биле пронајдени вкупно 94 пакувања со травкаста материја односно вкупно во возилото пронајдени при претрес биле 178 поголеми пакувања со травкаста материја. По извршениот претрес, извршен бил комплетен увид на местото на настанот, а пронајдените пакувања со тревкаста материја биле фотографирани и со потврда одземени од пријавениот и предадени на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на МВР. По завршеното вештачење утврдено е дека тревкастата материја преставува наркотична дрога марихуана во вкупно количество од 88,771 килограми. Осомничениот бил приведен во СВР Велес и со него бил извршен разговор во кој истиот појаснил дека пронајдената дрога ја земал од две засега непознати лица од Косово, и незнаејќи ја содржината на вреќите и куферите тргнал кон Гевгелија. За транспортот на пријавениот требало да му бидат исплатени според негово кажување сума од две до три илјади евра. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот определена му е мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.