Контакт

Европа

Илјадници во Брисел им оддадоа почест на жртвите на тероризмот

Објавено пред

Илјадници луѓе на улиците на белгиската престолнина Брисел во неделата им оддадоа почест на 32-те жртви на исламистичките напади од 22-ри март, во поворката против тероризмот и омразата.

dobivaj vesti na viber

Главната поворка тргна по 13 часот од Гард ду Норд (Северната станица), а потоа ѝ се придружи поворката која тргна од бриселскиот доселенички кварт Моленбек, од која потекнуваат најмногу од осомничените за нападите во Брисел и во Париз од ланскиот 13-ти ноември, а потоа заедно се упатија кон центарот на белгиската престолнина.

Во доцните попладневни часови веќе се собраа 15.000 ученици во поворката, според организаторите, здружението на граѓански организации, пренесуваат белгиските медиуми.

„Кога кукавички се нападнати цивили без никаква одбрана, сите мора да се побунат и да изразат солидарност“, изјави Хасан Бусета, социјалистички пратеник од Лиеж, кој предводи едно од здруженијата организатори на споменатата неделна манифестација организирана во чест на жртвите од нападите на бриселскиот меѓународен аеродром и на станица од подземната железница за кои одговорноста ја презема екстремната сунитска организација Исламска држава.

На чело од поворката учесници носеа транспарент на кој пишуваше „Сите заедно против омразата и теророт“ на француски и на фламански. По нив се движеа пожарникарите со вклучени сирени симболизирајќи ја важноста на спасувачите.

Во првите редови од поворката чекореа семејствата на жртвите, а зад нив претставниците на верските заедници. Членовите на здружението за меѓурелигиски дијалог го носеа транспарентот „Заедно во мир“ украсен со гулабици кои го симболизираат мирот.

Оваа поворка требаше да се одржи на 27-ми март, пет дена по нападите, но беше одложен бидејќи бриселските власти стравуваа за безбедноста на учесниците и бидејќи припадниците на безбедносните сили беа масовно ангажирани во потрагата по осомничените./крај/мф/сн

Извор: AFP

Европа

(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Објавено пред

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.

Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.

Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Објавено пред

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.

dobivaj vesti na viber

„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.

Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.

Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.

Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Објавено пред

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.

dobivaj vesti na viber

„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.

Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.

„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.

„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.

Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.

Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија5 часа

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ5 часа

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ6 часа

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет8 часа

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија8 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија8 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт9 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија22 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ22 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ23 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија24 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија1 ден

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија1 ден

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ1 ден

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија1 ден

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија1 ден

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ1 ден

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ1 ден

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...