Црна хроника
Притвор за производител и продавач на марихуана
СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против Г.Ј.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против Г.Ј.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
Од страна на Судија на претходна постапка, на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание дека непознато лице од Скопје, во својот дом неовластено произведува и поседува марихуана, која ја подготвува и пакува за улична продажба, презела интензивни мерки и активности за утврдување на идентитетот на лицето и потврдување на добиените сознанија.
Утврдено е дека Г.Ј. се занимавал со неовластено производство и продажба на марихуана и во текот на јули годинава, и во непосредна близина на домот засадил и одгледувал две стебла од растението канабис, а во текот на минатиот месец од засега непознато лице, за сума од 2.500 евра набавил околу 800 грама наркотична дрога марихуана, која во својот дом ја препакувал во помали полиетиленски паковки, со намера да ги пушти во улична продажба откако ќе најде купувачи.
Завчера (12.11.) со наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана која била спакувана во 27 полиетиленски пакувања за улична продажба, две тегли и една кеса облепена со селотејп, две стебла марихуана, како и две засадени стебла марихуана во дворот. Исто така во домот кај пријавениот е пронајдена дигитална вага со траги од марихуана, како и 17.000 денари.
Со Г.Ј. извршен е разговор и истиот појаснил дека сам ја насадил и набавил марихуаната, која е пронајдена во неговиот дом и дека планирал да ја продава откако ќе најде купувачи./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца скопјани се повредиле на работа, пренесени се на клиничкиот центар
Двајца скопјани во одделни случаи, во текот на вчерашниот ден се повредиле на работните места и биле пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Едниот е Д.К.(57) од Скопје кој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во магацин на приватна фирма на подрачјето на Ѓорче Петров. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и за настанот бил запознаен трудов инспектор.
Од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено и дека кај нив со повреди бил донесен Н.Н.(36) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во правен субјект на подрачјето на Гази Баба. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Нападнат затвореник во Идризово
Затвореник бил нападнат во затворот Идризово.
„На 15.01.2025 во 13.38 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 14.01.2025 околу 19.00 часот во установата, У.В.(27) од с.Поум, струшко, физички го нападнал А.Г.(30) од Скопје, двајцата осуденици од установата“, соопшти МВР.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Три лица од Скопје искасани од кучиња скитници
Вчера во 14.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.П. пријавил дека на ул.„Спиро Гулапчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 12.15 часот во Полициската станица Карпош, С.Н.(59) од Скопје пријавил дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во Полициската станица Гази Баба вчера во 11.00 часот Б.П.(71) од Скопје пријавила дека на ул.„Ташко Караџа“ во Скопје била касната од куче скитник.