Црна хроника
Десетгодишно момче загина во експлозија во БиХ, уште четири тешко ранети
Десетгодишно момченце загина, а четири се тешко повредени во експлозија на непозната направа која во неделата пред стемнување била активирана во близина на Сараево, главниот град Федерацијата Босна и Херцеговина, јавија локалните медиуми кои наведуваат дека повредените се сместени во Универзитетската клиничка болница.
Во местото Жировница во сараевската општина Хаџиќи одекнала експлозија од направа заостаната од последната војна којашто најверојатно ја активирале малолетниците на возраст меѓу 12 и 14 години, според непотврдени информации на локалните медиуми.
Според полицијата, од последиците на експлозијата веднаш починало едно дете, додека тројца 12-годишпници е еден 14-годишник се префрлени во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.
Портпаролката на болницата, Билјана Јандриќ истакнал дека две момченца се здобиле со многу тешки повреди во стомакот односно во главата.
Другите две повредени деца се упатени дан Одделот за максилофацијална хирургија, односно Клиниката за ортопедија и станува збор за тешки повреди кои не се опасни по животот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево.
При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

