Црна хроника
Ограбен и нападнат жител на Ореше- му украле 100.000 денари
Пет непознати лица во четвртокот во 18.50 часот ограбиле и нападнале жител на велешкото село Ореше и му украле 100.000 денари, соопшти МВР.
Дваесет и осумгодишниот жител тргнал кон Ореше со автомобил „БМВ“, но на регионалниот пат Велес – Чашка бил пресретнат од два автомобила. Пет лица излегле од автомобилите, насилно го извадиле од „бмв“-то и му украле 100.000 денари.
Полицијата работи на откривање на сторителите./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Обвинение за ширење омраза и дискриминација
По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност. Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори, информираат од обвинителството.
Црна хроника
Група од шест лица физички нападнале 15-годишник во Аеродром
Вчера во СВР Скопје, М.Ј.(49) од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:15 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 15-годишен син бил пресретнат од шест лица на возраст од 17 до 20 години.
Едниот од нив му се заканил и му побарал пари, но откако не нашол пари кај детето, физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач во Арачиново удрил во тројца пешаци, меѓу кои и тригодишно дете
Возач во Арачиново удрил во тројца пешаци, меѓу кои и тригодишно дете на паркинг.Тројцата со повреди се пренесени во болница.
Според информациите на МВР, вчера околу 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор кај село Арачиново, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(38) од с.Арачиново, а потоа и во пешаците Џ.К.(30), 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од с.Арачиново.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., додека со телесни повреди се здобиле Џ.К. и тригодишното дете, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

