Европа
Меркел го врзува укинувањето на санкциите за Русија со целосно спроведувње на договорот од Минск
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во четвртокот дека санкциите на Европската унија против Русија за нејзината наводна интервенција во Украина може да бидат укинати само доколку во целост биде спроведен договорот од 5-ти септември постигнат во белоруската престолнина Минск меѓу Киев и рускојазичните бунтовници од источните региони од земјата.
Германската канцеларка Ангела Меркел покажа поцврст став отколку највисоките челници на нејзиниот коалиционен партнер социјалдемократите од SPD и европските лидери како францускиот претседател Франсоа Оланд, оценува агенцијата Reuters.
Имено загрижени за последиците што од меѓусебните санкции како руската економија така и економијата на членките на Европската унија, тие навестија дека напредокот во спроведувањето на ткн протоколи од Минск, а не целосното спроведување би било доволно да се разгледа попуштањето на санкциите.
„Севкупниот договор од Минск мора да биде спроведе пред да можеме да кажеме дека тие санкции може да бидат укинати“, изјави Меркел на заедничката прес-конференција во Берлин со украинскиот премиер Арсениј Јаценјук.
Директно го исклучи постепеното ублажување на санкциите врз основа на напредок во спроведувањето на 12-те точки од мировниот договор од Минск, кои вклучуваат прекин на огнот, набљудување на украинско-руската граница, создавање тампон зона меѓу завојуваните страни и повлекување на тешкото вооружување, како и ослободување на заробениците, за што ден пред средбата во Минск, објави рускиот претседател Владимир Путин по телефонскиот разговор со украинскиот колега Петро Пороенко.
Меркел изјави дека има „малку надеж“ дека би можел да биде укинат првиот круг од санкциите воведени како реакција откако црноморскиот полуостров Крим населен со големо мнозинство етнички Руси, во март 2014-та, откако во Киев по безредијата дојдоа на власт прозападните сили, преку референдум си ја поврати самостојноста и изгласа присоединување на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија. Според Меркел, тоа би барало поништување на „руската анексија“ на Крим, што е малку веројатно имајќи ја предвид и новогодишната порака на Путин во којашто, меѓу другото, нагласи дека полуостровот се „вратил во татковината“.
Политиачрите од SPD, пак, последните седмици даваат помирливи изјави во врска со односите и санкциите против Русија, а шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнамер изрази загриженоста дека Русија би можела да биде дестабилизирана доколку не се ублажат санкциите на ЕУ.
Францускиот претседател Франсоа Оланд, пак, во понеделникот за француското јавно радио изјави дека мисли „оти санкциите сега мора да престанат. Мора да бидат укинати, доколку дојде до напредок“. Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, исто така, во средата изјави дека постојат „некои ограничени“ знаци дека Русиај можеби го менува својот пристап.
Меркел, меѓутоа, според Reuters, јасно во четвртокот даде до знаење дека средбата на челниците на Украина, Русија, Франција и Германија, планиран за 15-ти јануари во казахстанската престолнина Астана, ќе се одржи само доколку дојде до напредок во остварувањето на мирот следните денови.
Меркел, исто така, ја пофали владата на украинскиот премиер Арсениј Јаценјук, кој инаку важи за поддржуван од Берлина, поради програмата за реформи, меѓу кои и штедењето во буџетот усвоена кон крајот на декември. Таквиот украински буџет е услов за исплата на пакетот помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од вкупно 17 милијарди американски долари.
Јаценјук од своја страна изјави дека Москва „мора да стави крај на судирот во источна Украина“. Русија им испорачува оружје на терористите и ги крши клучните начела од договорот од Минск“, рече украинскиот премиер, пренесе агенцијата DPA. Истакна дека до напредок може да дојде „само доколку руските војници си заминат од Украина“.
Ваквите тврдења Москва решително ги негира, барајќи од Киев и од Западот со аргументи да ги поткрепат таквите тврдења, а особено Јанценјук го обвинува дека е експонент на струјата во Киев којашто се залага за воено решавање на украинскиот конфликт. Руската страна вели дека е „украински внатрешен“ и оти таа не е страна во судирот, а во преговорите за постигнување мир учествува како посредник./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
„Фајненшл тајмс“: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен
Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
фото: принтскрин
Европа
Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските пилоти да украдат авион МиГ-31 вооружен со хиперсонична ракета Кинжал за 3 милиони долари, објавија државните медиуми.
Новинската агенција РИА го цитираше ФСБ како вели дека киднапираниот авион требало да биде пренасочен кон воздухопловната база на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би можел да биде соборен од воздушната одбрана, соопшти агенцијата.
ФСБ, главниот наследник на КГБ од советската ера, вели дека Украина и Велика Британија планирале голема „провокација“ користејќи го киднапираниот авион и дека украинските воени разузнавачки службеници се обидувале да ги намамат руските пилоти за 3 милиони долари за да го украдат авионот.
„Преземените мерки ги осуетија плановите на украинското и британското разузнавање за голема провокација“, цитираше РИА функционер на ФСБ.
Државната телевизија емитуваше фотографии од пораки и снимки од човек за кој се вели дека работел за украинската и британската разузнавачка служба и му понудил 3 милиони долари на руски пилот да лета со МиГ до Европа и дека на пилотот му е понудено државјанство.
Рускиот Кинжал е балистичка ракета лансирана од воздух што Москва ја нарекува хиперсонична, способна за големи брзини и маневрирање на патеките на летот за да им го отежни на воздушната одбрана следењето и пресретнувањето.
Русија долго време ја смета Велика Британија за свој главен непријател. Москва го обвинува Лондон за поттикнување на војната во Украина, а британското разузнавање за помагање на Украина да започне серија операции длабоко на руска територија.
Велика Британија ја смета руската инвазија на Украина за империјално присвојување на земјиште. Лондон постојано предупредува дека руското разузнавање се обидува да посее хаос низ Велика Британија и Европа за да ја поткопа демократијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта
Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на локалните канали на Телеграм кои споделија снимки на кои наводно се гледаат експлозии во објектот.
Гувернерот на областа Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми објавија дека по инцидентот привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром.
Ukrainian attack drones just successfully struck Russia's Saratov oil refinery, setting the facility ablaze.
The refinery, owned and operated by Russia's Rosneft, processes about 7 million tons of crude oil per year. pic.twitter.com/9S9Qn45YfF
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 10, 2025
Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени деривати, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта.
Саратов е важен индустриски центар, сместен на околу 150 километри од границата со Казахстан и приближно 600 километри источно од украинскиот фронт.
Инцидентот се случил во време кога Русија бележи серија слични експлозии и пожари во објектите на енергетската инфраструктура, а Москва сè повеќе ја обвинува Украина за напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија.
фото: принтскрин

