Спорт
Касилјас демантира пензија: Јас ќе кажам кога ќе заминам

Легендарниот шпански голман, Икер Касилјас, ги отфрли шпекулациите дека се повлекува од фудбалот по срцевиот напад што го доби на тренинг со својот клуб Порто на 1 мај.
37-годишниот Касилјас беше однесен во болница по срцевиот напад на рутинската тренинг-сесија, а по пет дена, излезе од болница и изјави дека не знае што носи иднината. Многумина очекуваа дека ова значи повлекување од спортот зголемувајќи ги шпекулациите, но Касилјас преку „Твитер“ изјави дека тој ќе реши кога ќе заврши со кариерата.
„Пензија? Ќе дојде време кога ќе морам да се повлечам. Оставете ме мене да ги објавам вестите кога ќе дојде моментов, но засега,опуштете се. Имав состанок со докторот Фелипе Маседо вчера и сè е во ред. Тоа се убавите вести што сакав да ги споделам“, напиша Касилјас.
Поранешниот шпански репрезентативец ја освои светската титула со „фуријата“ во 2010 и европските првенства во 2008 и 2012, а ги предводеше Реал Мадрид до три титули од Лигата на шампионите освојувајќи и пет национални титули.
Buenas a tod@s:
Retirarme, habrá un día que me tenga que retirar. Déjenme anunciar dicha noticia cuando llegue ese momento. Por ahora tranquilidad. Ayer tuve revisión con el Dr.Filipe Macedo. Todo muy bien. Eso sí que es una gran noticia que quería compartir con todos! ???— Iker Casillas (@IkerCasillas) May 17, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер сезонава цели кон тројната круна

Интер го победи Феенорд со 0:2 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. На Холанѓаните им недостигаше повеќе цел еден тим, 14 играчи се повредени или суспендирани, па Интер оствари рутинска победа со головите на Маркус Турам и Лаутаро Мартинез.
По натпреварот, новинар го праша тренерот на Интер, Симоне Инзаги дали сега цели кон двојна круна (италијанското првенство и Купот на Италија).
Инзаги му одговори со кренати три прста. Тренерот на Интер, покрај првенството и Купот, верува и дека може да ја нападне и европската титула.
Интер моментално води во италијанскиот шампионат откако освои бод во многу важно првенствено дерби против Наполи и остана еден бод пред нив и три пред Аталанта.
Тимот на Инзаги во полуфиналето во Купот ќе игра против Милан.
Инзаги е тренер на Интер од 2021 година и го предводеше на 198 натпревари. Минатата сезона го освои италијанското првенство, два пати го освои Купот и три пати Суперкупот. Во Лигата на шампионите пред две години стигнаа до финалето каде загубија со 1:0 од Манчестер Сити.
Спорт
Марк Одермат веќе обезбеди еден „Кристален глобус“

Марк Одермат, 27-годишениот швајцарски скијач, го обезбеди првиот Мал кристален глобус оваа сезона во Светскиот куп. Математички стана најдобар во супер-џи.
Во Квитфјел, Норвешка, за време на тренинзите во спуст, неговиот единствен ривал, италијанскиот скијач Матија Касе, доживеа сериозен пад со што ја заврши сезоната.
Откако бил пренесен во болница, му била констатирана фрактура на лактот, поради што Италијанецот веднаш бил опериран.
Остануваат уште две трки во супер-џи до крајот на сезоната, а само Касе може да го стигне Одермат, кој има 181 бод повеќе во поредокот.
Одермат беше најдобар во супер-џи во претходните две сезони. Освен тоа, Швајцарецот има еден глобус во спуст, три во велеслалом и три пати го има освоено Големиот кристален глобус за најдобар во Светскиот куп, во 2022, 2023 и 2024 година.
Марк е на чекор до нова победа во Светскиот куп бидејќи моментално води со 1306 бодови, додека на второто место е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 946 бодови.
Спорт
Од гледач до резерва на Баерн среде натпревар

Голманот на Баерн, Свен Улрих (36) е главната приказна на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу тимот од Минхен и Баер Леверкузен (3:0).
Не го привлече вниманието со некоја бравура меѓу стативите или некоја интервенција, одбранет пенал…тој не само што не играше, туку не беше ниту на протоколот за мечот.
Улрих десет години е лојална резерва на недопирливиот Мануел Нојер, а моментално е трет голман на тимот, поради што за овој меч беше надвор од протоколот, па тој го следеше натпреварот од трибините, во цивилна облека.
Сепак, во 58. минута првиот голман Мануел Нојер се повреди при спринт за да го прослави вториот гол на Баерн, а набрзо беше заменет од Јонас Урбиг, оставајќи ги Баварците без резервен голман.
Но, тоа кратко траеше. Улрих беше повикан да ја облече голманската опрема, па брзо се симна од трибините на клупата, се пресоблече и за кратко време од гледач стана резерва на Баерн.
Фотографиите од Улрих на трибините во „цивилна“ облека, а потоа и оние од него како седи на клупата во опрема на Баерн станаа вирални.
Sven Ulreich changed and sat on the bench after Neuer's injury https://t.co/qa99UMEQng pic.twitter.com/JyeijSxgX2
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 5, 2025