Спорт
Јуве титулата ја прослави со реми, Наполи го „разби“ Интер (видео)
Кој сè ќе патува во Лигата на шампионите од Италија ќе се дознае во последното коло, откако Јувентус одигра само 1:1 со Аталанта во мечот во кој ја прославуваше својата титула, додека Наполи го „уништи“ Интер со 4:1 на „Сан Паоло“.
Овие резултати значат дека борбата за првите четири места во лигата се компликуваат. Јуве се сигурни на првото место со 90 поени, како и Наполи со 79 поени, по што следува вистинскиот хаос – Аталанта е трета со 66 поени, Интер четврти со 66, додека Милан има 65 на петтото место пред Рома со 63. Во последното коло, Аталанта го пречекува Сасуоло, Интер го пречекува Емполи, додека Милан гостува кај СПАЛ.
GRANDISSIME #JuventusWomen! #HERE2STAY ? pic.twitter.com/XkGiqI66Zm
— JuventusFC (@juventusfc) May 19, 2019
„Празничната“ атмосфера на „Алијанц стадионот“ во Торино, каде што се славеше скудетото ја наруши Словенецот Јосип Иличиќ со гол во 33. минута од мечот, а поен за „старата дама“ спаси Марио Манџукиќ во 80. минута. Во Неапол пак, Интер прими три гола за 15 минути во второто полувреме, пред Мауро Икарди во 81. минута да го постигне утешниот гол од пенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
Премиерлигашката сезона ќе заврши во недела, а во сабота премиер лигата објави дека најдобар играч на сезоната е Фил Фоден.
Фудбалерот на Манчестер сити, Фил Фоден ја доби наградата за најдобар играч на сезоната. Покрај тоа, Фоден го доби и признанието за најдобар играч на сезоната во изборот на фудбалските новинари.
На (само) 23 години, Фоден е еден од клучните играчи на Сити оваа сезона. „Граѓаните“ се на една победа до нова титула, четврта во низа. Доколку успеат, ќе станат првиот тим во историјата со четири последователни титули во Премиер лигата.
Фоден постигна 17 гола и додаде осум асистенции на 34 натпревари кои ги одигра во лигата. Играше практично на две позиции, а е втор по бројот на одиграни минути за клубот.
Спорт
Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал
Лука Модриќ и наредната сезона ќе го носи дресот на реал Мадрид. „Мундо Депортиво“. Овој медиум, кој е поблизок до Барселона отколку до Реал, тврди дека Модриќ и челниците на Реал постигнале вербален договор за продолжување на договорот на уште една година. Договорот е постигнат по тричасовната средба одржана вчера во Валдебебас.
Истата информација ја објавија и „Онда Мадрид“ и „Телемадрид“, два медиуми специјализирани за следење на Реал Мадрид. Според нив, Модриќ ги прифатил условите што му ги понудил клубот. Тој досега заработуваше околу 10 милиони евра нето по сезона, а сега се согласи да ја преполови платата.
Според Шпанците хрватскиот играч за врска планира да одигра уште една сезона во Реал, а потоа како 39-годишен да се збогува од фудбалот. Така Модриќ би станал најстариот фудбалер во историјата на Реал Мадрид кој се пензионирал во дресот на шпанскиот великан. Рекордот моментално го држи Пако Хенто, кој се пензионираше на 38 години.
Хрватската легенда на Реал Мадрид освои се. Меѓу другото, пет европски, четири шпански титули и два Купа на кралот и Златната топка. Тој одигра 531 натпревар, постигна 39 и постави 86 гола.
Во тековната сезона претежно беше резерва, но со значаен придонес на патот на Реал кон освојување на Ла Лига и финалето на Лигата на шампионите. Иако беше во стартниот тим на само 22 натпревари, успеа да постигне 2два гола и да забележи осум асистенции.
Спорт
Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри
Кенениса Бекеле, големата атлетска ѕвезда, ќе учествува на Олимписките игри во Париз, 12 години по неговиот последен настап на најголемиот светски спортски настан.
Бекеле, кој има 41 година, последен пат настапи на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, кога заврши на четвртото место на трката на 10 километри.
Тој ги пропушти Рио де Жанеиро (2016) и Токио (2022) и сега е дел од 10-члениот атлетски тим на Етиопија за Париз.
Во главниот град на Франција ќе трча маратон на кој во последно време бележи одлични резултати. Тој во декември го освои четвртото место во Валенсија, додека неодамна беше втор во Лондон.
Бекеле освои три олимписки злата и едно сребро. Во Атина во 2004 година победи на 10 километри и беше втор на 5 километри, додека четири години подоцна во Пекинг славеше и на 5 и на 10 километри.
Олимпискиот маратон за мажи е закажан за 10 август.