Црна хроника
Скопјанец нападнал и повредил жител на Велебрдо, внуците на повредениот му вратиле со иста мера

Скопјанец во сабота попладне нападнал со коса постар жител на селото Велебрдо, откако претходно се искарале во трпезаријата на црквата Св.Ѓорѓија во гостиварско Велебрдо.
Како што соопшти полицијата, во трпезаријата на црквата Св.Ѓорѓија, дошло до расправија помеѓу Г.П. (79) од с.Велебрдо и А.М. (61) од Скопје. Расправијата прераснал во тепачка при што А.М. физички го нападнал Г.П., а во еден момент замавнал кон него со коса, нанесувајќи му повреда во вид на расекотина во пределот на челото. По настанот Г.П. бил пренесен во Здравствен дом Ростуше, каде му била укажана лекарска помош. Околу 15.30 часот за настанот слушнале Г.Т. (30) и Г.Д. (26) од с.Ростуше(внуци на Г.П.), отишле во куќата на А.М., каде физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и дрвен стап. По настанот, А.М. е пренесен во Здравствен дом Ростуше, од каде бил упатен во Ургентен центар Скопје, каде е задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Гостивар. Лицата Г.Д. и Г.Т се повикани на разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.