Контакт

Надворешна политика

Единаесетти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ

Објавено пред

На состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација во средата во Брисел било потврдено дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација останува суштинска основа за односот меѓу ЕУ и Република Македонија, сè додека Република Македонија не се зачлени во ЕУ. Спогодбата за стабилизација и асоцијација обезбедува договорна рамка во која ЕУ и земјата соработуваат и го следат развојот на настаните во нивните односи.

dobivaj vesti na viber

 

Советот за стабилизација и асоцијација ја зеде предвид примарната цел на земјата, започнување на преговорите за пристапување кон ЕУ, потврдувајќи ја нејзината силна посветеност на оваа цел и земајќи ги предвид препораките од Европската комисија. Советот за стабилизација и асоцијација исто така ги зеде предвид Заклучоците на Советот кои беа донесени на 17 декември 2013 година.

 

Советот за стабилизација и асоцијација ги разгледа клучните настани од претходниот период кои се однесуваат на исполнувањето на политичките критериуми, како и на состојбата во однос на економските критериуми, финансиската соработка и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Советот се осврна и на резултатите од состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација кој се одржа на 11 јуни.

 

Што се однесува до политичките критериуми, Советот за стабилизација и асоцијација беше информиран за клучните политички случувања. Тука беа опфатени претседателските и парламентарните избори и периодот по нив. Советот го забележа формирањето на новата влада, како и намерите на Владата да соработува со опозицијата и да продолжи да ги подобрува меѓуетничките односи.

 

Во однос на политичкиот дијалог, Советот за стабилизација и асоцијација го разгледа спроведувањето на претседателските избори во април и на предвремените парламентарни избори и се осврна на оценките на ОБСЕ/ОДИХР според кои изборите беа ефикасно спроведени.

 

ЕУ покажа загриженост за оценката за пристрасно медиумско покривање и за недостаток од поделба меѓу државните и партиските активности, што води до непостоење на еднакви услови за сите. Советот за стабилизација и асоцијација ги поздрави изборните реформи, кои се донесоа во консензус со опозицијата, согласно препораките на ОДИХР, но потсети дека слична загриженост била покрената во 2011 и 2013 година. ЕУ ги повика националните власти да ги спроведат забелешките на ОДИХР со цел да се подобри изборниот процес.

 

Во врска со политичките критериуми, Советот за стабилизација и асоцијација ја истакна потребата од конструктивен дијалог низ политичкиот спектар.

 

Што се однесува до слободата на изразување и медиумите, ЕУ ги зеде предвид новите закони за медиуми и искажа загриженост за целокупната клима и медиумска култура, и охрабри ангажман кон попозитивна атмосфера.

 

Во однос на владеењето на правото, Советот за стабилизација и асоцијација потсети на високото ниво на усогласеност, вклучувајќи и подобрена ефикасност на судовите, но истакна дека е потребно да се стави поголем акцент на независноста и квалитетот на правдата. Го поздрави и напредокот постигнат во водењето евиденција за корупција и организиран криминал, но ја нагласи потребата за подобрување на политиките и поефикасно спроведување на законите со цел да се добијат конкретни резултати.

 

Советот за стабилизација и асоцијација ја истакна потребата од завршување на прегледот за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор колку што е можно поскоро, за да може овој процес да заврши со препораки за политиките.

 

ЕУ изрази загриженост за меѓуетничките односи и повика за повеќе проактивни, долгорочни мерки за градење на доверба на долг рок.

 

На ниво на реформите во јавната администрација, Советот за стабилизација и асоцијација го зема предвид усвојувањето на нова законска рамка за државни службеници во јануари 2014 година, како и на континуираната работа за поставување нова рамка за општа управна постапка.

 

Советот за стабилизација и асоцијација ја охрабри заложбата кон независност на јавната администрација и почитување на принципите на транспарентност, заслуги и правична застапеност.

 

Што се однесува до заштитата на човековите права, ЕУ продолжи да ја нагласува потребата за проактивен пристап на властите за промоција и заштита на основните човекови права, во согласност со европските стандарди. Советот за стабилизација и асоцијација потсети дека регионалната соработка и добрососедските односи сочинуваат значаен дел од процесот на пристапување кон ЕУ.

 

Советот за стабилизација и асоцијација го поздрави континуираното активно учество и конструктивниот пристап на Република Македонија во регионалната соработка, вклучително во иницијативите во Југоисточна Европа, како што се Советот за регионална соработка, Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и тековното претседателство на земјата на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Советот го поздрави претстојното претседавање на земјата со Централно европската иницијатива (ЦЕИ).

 

Во врска со економскиот развој, Советот за стабилизација и асоцијација потврди дека минатата година економијата почнала да закрепнува, дека е задржана макро-финансиската стабилност и дека инфлацијата останала во разумни рамки. Исто така, потсети на целните насоки за политиките договорени во мај 2014 година меѓу ЕУ и земјите-кандидати и ја охрабри Владата да се фокусира на нивното спроведување.

 

Советот за стабилизација и асоцијација го поздрави договорот постигнат со Владата за идните приоритети на Стратешкиот документ за земјата (СДЗ) 2014-2020 според (Инструментот за претпристапна помош) ИПА. Исто така ја поздрави и посветеноста на Република Македонија да вложи поголеми напори за значително зголемување на искористеноста на фондовите на ЕУ и подобрување на капацитетот на институциите потребен за нивно спроведување. Советот за стабилизација и асоцијација ја истакна важноста на разумното управување со јавните финансии и потребата за јасна врска меѓу ЕУ помошта и националните реформски стратегии, воведување на секторски пристап, по можност во рамките на сеопфатната национална стратегија за развој.

 

Советот за стабилизација и асоцијација исто така го зеде предвид добриот напредок постигнат во разни области опфатени со Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Го поздрави и високото ниво на трговска интеграција и потпишувањето на Протоколот кон Спогодбата за стабилизација и асоцијација за да се земе предвид пристапувањето на Хрватска во ЕУ. Советот за стабилизација и асоцијација потсети на предлогот од Комисијата од октомври 2009 година за преминување во втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Потврди дека одлуката за препораката останува во Советот./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет2 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет2 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет3 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет3 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија15 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија17 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија19 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија19 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ21 час

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија21 час

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет22 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет23 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ24 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...