Контакт

Надворешна политика

Нимиц следната недела во посета на Скопје и Атина

Објавено пред

Посредникот на Обединетите нации (ОН) во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц следната недела ќе ги посети Скопје и Атина, односно во понеделник и вторник тој ќе се сретне со македонските власти, а во среда и четврток оди на разговори со грчките претставници.

 

Целта на посетите е да се поттикнат разговорите кои се водат под покровителство на ОН, со цел изнаоѓање на заемно прифатливо решение за спорот меѓу двете страни.

 

Посетата на Нимиц на Скопје ќе биде и прва средба со новиот македонски преговарач во името, Васко Наумовски, кој на оваа должност официјално стапи во вторникот, заменувајќи го досегашниот преговарач Зоран Јолевски./крај/мф/бс

Македонија

Спасовски со црногорската амбасадорка: Со пријателска Црна Гора чекориме по патот како сојузници во НАТО и идни членки на ЕУ

Објавено пред

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, придружуван од заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ, денеска се сретнаа со претставници на Здружението на Црногорците во нашата земја, предводени од претседателот Борис Попивода, како и амбасадорката на Црна Гора Н.Е. Марија Петровиќ.

Спасовски на претставниците на Црна Гора им го честиташе Денот на државноста, 13 Јули, со желби за продолжување на пријателските односи, како и продолжување и зајакнување на билатералната и економската соработка.

Премиерот Спасовски оценувајќи ја позитивно заложбата и соработката на Здружението на Црногорците во насока на унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора, упати честитки и до амбасадорката Петровиќ, за нејзината успешна работа и особен придонес во подобрувањето на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

„Црна Гора е една од најблиските, најпријателски и најбратски партнери на Северна Македонија и така и ќе остане. Благодарам за вашата поддршка на нашиот пат, кој го одиме заеднички, патот кон остварување на нашите евро-атлантски интеграции, како членки на НАТО и идни членки на Европската Унија“, истакна премиерот Спасовски.

На средбата беше разговарано и за неопходните мерки што се преземаат за успешно справување со корона-кризата и беше потенцирано дека изборите на 15 јули, идната недела, ќе бидат успешно, демократски спроведени, како што доликуваат на земја членка на НАТО и на земја на европската демократија, која ја чекори последната фаза до полноправното членство во ЕУ.

Претседателот Попивода, во име на Здружението на Црногорците во нашата земја, на премиерот Спасовски му подари пригоден подарок поздравувајќи го придонесот кон создавање услови за учество на Заедницата во граѓанскиот концепт на државата, во кој и тие како заедница сесрдно учествуваат и го поддржуваат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Холштајн: Германија ќе се заложи максимално да ја засили европската перспектива на регионот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, одржа средба со новата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Германија, Анке Гизеле Холштајн, која во оваа пригода ги предаде копиите на акредитивните писма.

„Покрај интензивната билатерална соработка во изминативе три години, која посветено се стремиме да ја продлабочуваме и во иднина, со нетрпение го очекуваме и заедничкиот успех – првата меѓувладина конференција да биде организирана токму за време на германското претседавање со Советот на ЕУ. Благодарни сме за досегашниот германски придонес во градењето консензус и донесување  позитивна одлука за започнување преговори за членство во Европската Унија, во март ова година“, рекол Димитров на средбата, соопшти МНР.

Тој оценил дека во изминатиов период се бележи исклучително динамичен билатерален политички дијалог и соработка во повеќе области од заемен интерес.

Амбасадорката Холштајн ја повторила поддршката на Германија за реализација на нашите стратешки приоритети, подвлекувајќи дека иако германското претседавање со Советот на ЕУ е исправено пред најголемиот економски предизвик во историјата на ЕУ поврзан со заздравување на земјите погодени од коронавирусот, ќе се заложи максимално да ја засили европската перспектива на нашиот регион, а со тоа и да обезбеди стабилност и развој на Западниот Балкан.

Соговорниците се осврнале и на актуелните епидемиолошки состојби и здравствените предизвици со кои се соочува нашиот регион и пошироко, при што министерот Димитров упатил благодарност до Германија за нејзината досегашна помош за борба со пандемијата во нашата земја. На средбата станало збор и за подготовките за одржување демократски и фер предвремени парламентарни избори во Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање и дома и во светот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по покана на Македонската академија на науките и уметностите, денеска присуствуваше на промоција на четирите капитални изданија за македонскиот јазик.

„За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање и дома и во светот. Секое пријателство, за да биде вистинско, и европските интеграции, за да бидат европски, го подразбираат нашето право на самоопределување“, рече Димитров.

На иницијатива на МАНУ и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик, деновиве од печат излегоа делата: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, колективна монографија во која е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век, па сè до неговата кодификација; „Погледи за македонскиот јазик“, меѓународен зборник на трудови, во кој над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози за разни аспекти на македонскиот јазик; „Македонска хрестоматија“, избор на позначајни македонски текстови од IX до XX век; и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА)“, кој дава продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа9 минути

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион30 минути

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател Хашим Тачи по шест часовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе...

Македонија12 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија13 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија13 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија16 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ16 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија17 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија17 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет21 час

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа21 час

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ22 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ22 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија22 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион23 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион23 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет24 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет1 ден

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион1 ден

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Досие