Спорт
Зидан ќе се обиде да го донесе Погба

Зинедин Зидан нема да се откаже лесно од намерата да го донесе во Реал Мадрид играчот на Манчестер јунајтед, Пол Погба.
Реал го почна преодниот рок со потписите на Лука Јовиќ и Еден Азар. Овие двајца официјалната промоција ќе ја имаат денес и утре. Претходно на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна и дефанзивецот Едер Милитао од Порто.
Зидан сега има намера да го освежи редот за врска, а прв избор е неговиот сонародник Погба, кој, барем според она што го пренесуваат медиумите, е незадоволен во Англија.
Проблем за Зидан и Реал претставува цената што ја поставија од Јунајтед. Пол Погба може да замине само за сума од 150 милиони евра. Наводно Погба се согласил да има помала плата од онаа што сега ја заработува во Манчестер јунајтед, но обесштетувањето е голем проблем за Реал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал ја одреди цената за Родриго

Арсенал не го крие интересот за крилниот напаѓач на реал, Родриго. Свесни за интересот од Лондон, на „Сантијаго Бернабеу“ ја одредија цената за Бразилецот.
Како што објави „Кадена СЕР“, минималната цена што Реал е подготвен да ја прифати е 90 милиони евра. Изворот исто така наведува:
„Реал Мадрид знае за интересот на Арсенал, но играчот сака да истражи некои други решенија бидејќи знае дека Гвардиола со Манчестер сити е секогаш опција“.
Родриго, покрај Винисиус и Килијан Мбапе, падна во втор план. Често се случува во последно време Бразилецот натпреварите да ги започнува од клупата за резерви. Тој неколку пати изјави дека сака да остане во Мадрид, но јасно му е дека во Арсенал ќе може да игра на својата природна позиција, десно крило.
Спорт
(Видео) Интер испушти предност од два гола, во осминафиналето ќе игра против ПСЖ

Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А.
Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас. Двата тима ја завршија групната фаза со по пет бода, а бразилскиот тим ќе оди во нокаут фазата од првото место на табелата поради подобрата гол-разлика.
Тадео Аљенде му донесе водство на Интер 16-та минута, а поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, го зголеми водството со гол во 65-та минута.
Водството на Интер го намали Паулињо со гол во 80-та минута, а Палмеирас израмни со голот на Маурисио во 87-ма минута.
Интер од Мајами ќе игра против Пари Сен Жермен во осминафиналето во Атланта, а Палмеирас против Ботафого во Филаделфија.
Во вториот натпревар од третото коло од Групата А, Порто одигра нерешено 4:4 против египетскиот Ал Ахли во Ист Радерфорд.
Во вториот натпревар од третото коло од Групата А, Порто одигра нерешено 4:4 против египетскиот Ал Ахли во Ист Радерфорд. Тимот од Египет четири пати имаше предност, а Порто четири пати успеа да изедначи.
На крајот Порто го освои третото, а Ал-Ахли четвртото место во оваа група.
Спорт
Манчестер јунајтед за Мбуемо нуди 70 милиони евра

Манчестер јунајтед се насочи кон камерунскиот напаѓач Брајан Мбеума. Толку многу што по одбивањето на првата понуда од Брентфорд, од „Олд Трафорд“ во Лондон испратија втораа, значително подобрена.
„Црвените ѓаволи“ веќе потрошија над 78 милиони евра за Матеус Куња и Диего Леон. Но, тие немаат намера да се уште да го завршат преодниот период.
Рубен Аморим сериозно е заинтересиран за Брајан Мбеумо. Јунајтед испрати втора понуда за најдобриот стрелец на Брентфорд минатата сезона.
По одбивањето од 53 милиони евра со 11 милиони преку бонуси, од „Олд Трафорд“ беше испратена понуда од 70 милиони евра.
Сепак, не е само Јунајтед заинтересиран за Мбуемо. Тотенхем е исто така сериозно заинтересиран за Камерунецот. Адут на Тотенхем е новиот тренер Томас Франк, кој со Мбуемо имаше извонредна соработка во Брентфорд.