Спорт
Копа Америка 2019: Катарците извлекоа реми со Парагвај (видео)
„Гостите“ на Копа Америка, Катар успеаја да стигнат до 2:2 реми против Парагвај на прекрасната „Маракана“ во Рио де Жанеиро, откако до 68. минута губеа со 2:0 во меч од групата Б, каде што вчера Колумбија со 2:0 беше подобра од Аргентина.
Парагвајците стигнаа до рано водство откако Мигуел играше со рака во својот шестнаесетник, а ветеранот Оскар Кардозо го совлада Ал Шиб од белата точка. По ова, Катар доминираше во играта и во поседот на топката во првото полувреме, а само што почна второто полувреме, Парагвајците зголемина на 2:0 откако во 56. минута, Дерлис Гонзалез постигна фантастичен гол од 25 метри.
Меѓутоа, актуелните азиски шампиони и домаќини на следното СП во 2022 година, покажаа дека не се тим за потценување. Во 68. минута, Салман му даде одлична топка на Али, кој постигна прекрасен гол за 2:1. Во 77. минута стигна и израмнувањето, откако по една лоша интервенција на одбраната на Парагвај, ударот на Хухи беше одбранет, а Рохас ја смести топката во сопствената мрежа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанките и Германките ќе се борат за златото на СП
Женските ракометни репрезентации на Германија и Норвешка ќе се борат за титулата на Светското првенство. Германија, во полуфиналето, славеше против бранителките на титулата, репрезентативките на Франција, а Норвешка демонстрираше сила и против Холандија.
Германија по 18 години обезбеди медал на големите натпреварувања. Домаќинките на Мундијалот блескаа против Франција, славеа победа 29:23.
Антје Дол со девет, Емили Фогел со пет, Виола Летер и Аника Лот со по четири гола, односно голманката Катарина Филтер ја предводеа Германија.
Во редовите на Франција се истакнаа, Лена Грандво и Сара Букит постигнаа по пет гола.
Норвашка во второто полуфинале ја победи Холандија со 35:25. Норвежанките до мечот за титулата дојде на супериорен начин. Во текот на турнирот само Црна Гора ја победија со помалку од 10 гола.
Најефикасни во редовите на Норвешка беа Хена Рајстад со 10, Нора Мерк со пет, Тале Деила, Марен Ниланд и Аникен Вилик со по три гола. Холандија ја предводеа Дионе Хушер и Еставана Полман постигнаа по шест.
Финалето е на програмата в недела.
Foto/ EPA
Спорт
Партизан од -16 до победа во вечното дерби, Фенер од -17 до триумф во Монако
Кошаркарите на Партизан ја победија Црвена звезда во првото „вечно“ дерби оваа сезона, откако надоместија негатива од 16 поени.
Партизан ја победи Звезда во 15-то коло од Евролигата со 79:76 (15:18, 20:21, 14:21, 30:16).
Ова беше прва победа на црно-белите над црвено-белите оваа сезона, а втора по ред во Евролигата и трета во три натпревари од заминувањето на Жељко Обрадовиќ.
Партизан сега има скор од 6-9, додека Звезда го претрпе вториот пораз во низа во и има скор од 9-6.
Што се однесува до историските податоци, Партизан сега има +12 во „вечните“ дербија.
Црвена звезда го контролираше натпреварот 35 минути. Благодарение на Нвора, кој постигна 13 поени во третиот период, ја стекнаа највисоката предност од 16 поени. Партизан започна да се враќа во мечот во решавачката четвртина, преку Вашинтон и Бонга.
На две минути до крајот Партизан дојде до предност (73:71), прва по предноста 7:6 на почетокот на натпреварот. На крајот до беше доволно за триумф на црно-белите.
Најдобри во победничкиот тим беа Вашингтон со 25 поени, Бонга со 16 поени и 11 скока и Тајрик Џонс со 15 поени и осум скока.
На спротивната страна, Батлер и Нвора постигнаа по 20 поени.
Сличен пресврт направи и европскиот првак Фенербахче. Во реприза на финалето од минатата сезона, Фенербахче се врати по негативата од 17 поени и славеше во Монако со 92:86.
Тејлер Хортон-Такер го заврши натпреварот со 24 поени и 4 скока, со важна улога во одбраната, што му овозможи на турскиот клуб да ја фати приклучок на почетокот од четвртата четвртина.
Плејмејкерот Вејд Болдвин (12 поени, 4 скока, 7 асистенции), центарот Кам Берч (15 поени, 7 скока), бекот Девон Хол (13 поени, 3 скока, 2 асистенции и украдени топки), крилото Бонзи Колсон (10 поени, 5 скока) и крилниот центар Николо Мели (9 поени, 10 скока, 3 асистенции, 2 украдени топки) исто така придонесоа за победата.
Кај Монако се истакнаа Мајк Џејмс (20 поени, 3 скока и асистенции), Алфа Дијало (18 поени, 4 украдени топки) и Никола Миротиќ (11 поени, 7 скока, 6 асистенции).
Foto/ Luka Milosavljevic/STARSPORT
Спорт
Блажевски бронзен на ЕП до 21 година во таеквондо
Филип Блажевски од таеквондо клубот Бутел, вечерва во Приштина, оствари голем успех. Блажевски освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година.
На патот до медалот, Блажевски, забележа три победи и пораз. Славеше со 2:0 над Манита Александру од Молдавија и Олександар Јефимов од Украина, односно со 2:1 го победи Ајман Бари од Франција.
Доживеа пораз од Хрватот Оскар Ковачиќ, што му беше довлно да го освои бронзениот медал.

