Европа
Англиканската црква им овозможи на жените да бидат именувани за бискупи

Англиканската црква донесе во понеделникот одлука со којашто на жените им се овозможува да станат бискупи, што претставува историски пресврт во вековната традиција на оваа црква којашто беше силно поделена по ова прашање.
На гласањето пред две години сличниот предлог беше отфрлен со тесно мнозинство, благодарејќи на противењето на традиционалистичките лаички припадници на Англиканската црква. Тогаш беше потребно овој предлог закон со двотретинско мнозинство да мине на трите ниво, во Домот на бискупите, во Домот на свештениците, како и во Домот на лаиците. Во двата свештенички дома беше убедливо прифатен, но 132 лаика беа „за“ а 74 „против“, што не беше доволно жените да можат да станат бискупи на Англиканската црква. Само шест конзервативни евангелисти и традиционалисти англо-католици меѓу лаиците во Заедничкиот синод го урнаа целиот предлог за кој веќе со години се залагаше и надбискупот од Кантербери, Роуан Вилијамс кој наскоро потоа замина во пензија.Жените веќе станаа бискупи во Австралија, Нов Зеланд, Канада и САД, меѓутоа Англиканската црква, матичната црква за околу 80 милиони англиканци низ светот, не успеваше досега да ги помири реформистите и традиционалистите по прашањето дали тоа треба да им биде овозможено и на жените во Велика Британија.Англиканската црква досега ја напуштија педесетина бискупи кои ја прифатија поканата на поранешниот римокатолички папа Бенедикт Шеснаесетти да минат во Римокатоличката црква. На идејата за женско свештенство силно се спротиставуваат многу англикански заедници, особено во земјите во развој.Во понеделниот Заедничкиот синод, највисокото управно тело на Англиканската црква, по петчасовниот собир во градот Јорк во северна Англија, со големо мнозинство гласови го потврди планот за реформите. „Денеска го довршивме она што пред повеќе од дваесет години го започнавме со ракоположување на жените за свештенички. Одушевен сум од денешниот резултат. Денешниот настан го одбележува почетокот на големата авантура со којашто ќе се обидеме да постигнеме напредок во нештата во коишто, сé уште, не се согласуваме“, истакнал надбискупот од Кантербери, Џастин Велби.Тој истакнал дека првата бискупка ќе биде именувана на почетокот од следната 2015 година, пренесува Reuters.Прашањето на именувањето жени за бискупи отвори внатрешен раскол во Англиканската црква од 1992 година кога Заедничкиот синод го одобри именувањето свештенички. Од една страна беа реформистите коишто сакаа да создадат помодерен имиџ за нивната црква која се соочува со сé поголемо напуштање од своите верници во сé поизразено секуларното општество, додека од друга страна се најдоа конзервативците кои тврдат дека жените бискупи е спротивно од учењето во Библијата/крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украинците го нападнаа Крим со дронови: експлозии одекнуваат, руско складиште за муниција во пламен

Пожар избувна утрово во магацин за муниција во селото Перевалне во окупираниот од Русија Крим по серија експлозии предизвикани од напади со украински беспилотни летала, објави „Киев индепендент“.
126. независна бригада за крајбрежна одбрана на руската Црноморска флота наводно е стационирана во близина на селото Перевалне. Како одговор на инцидентот, локалните власти го блокираа патот што ги поврзува Симферопол и Алушта во централниот дел на полуостровот.
Crimean Wind објави снимки направени од локалното население, на кои се гледа чад што се издига од повеќе локации на Крим.
A long night for Russian forces. Massive explosions rocked a military ammo depot in occupied Crimea — fires and detonations still ongoing in Perevalne, road to Simferopol closed. Losses reported in the 126th Brigade & 8th Artillery Reg.
Meanwhile in Podolsk, Russia — an… pic.twitter.com/6hckmz32Se
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) May 16, 2025
Експлозии беа пријавени и во близина на воените воздухопловни бази Белбек и Кача во близина на Севастопол.
Украинските власти сè уште официјално не го коментираа нападот, а информациите не можеа да бидат независно потврдени.
За време на војната Украина постојано извршуваше успешни напади врз руски цели во окупираниот Крим и околните области значително ослабувајќи ја руската Црноморска флота.
Европа
(Видео) Почна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите од Турција, САД и Украина почна во петокот во Истанбул под водство на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.
САД ги претставуваат државниот секретар Марко Рубио, амбасадорот во Турција, Том Барак, и специјалниот претставник за Украина, генерал Кит Келог.
Во делегацијата на Украина се вклучени Андриј Јермак, шеф на претседателската канцеларија, министерот за одбрана, Рустем Умеров, и министерот за надворешни работи, Андриј Сибиха.
📍High-level US-Ukraine-Türkiye talks begin under Turkish foreign minister’s leadership
Türkiye’s Foreign Minister Hakan Fidan, National Intelligence Organization (MIT) head Ibrahim Kalin, Ukraine’s Presidential Chief of Staff Andriy Yermak and Deputy Foreign Minister Andriy… pic.twitter.com/roz02DGFkB
— Anadolu English (@anadoluagency) May 16, 2025
Трилатералниот дијалог е фокусиран на мирот меѓу Украина и Русија, објави „Анадолија“.
Украинската делегација во Истанбул се сретна со претставници на САД, Велика Британија, Германија и на Франција
Утрово, во Истанбул, украинскиот советник за национална безбедност, Андриј Јермак, министерот за надворешни работи, Андриј Сибиха, и министерот за одбрана, Рустем Умеров, се сретнаа со советници за национална безбедност од Велика Британија, САД, Германија и од Франција.
Европа
Рубио пристигна во Истанбул на мировни преговори меѓу Русија и Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио утрово пристигна во Истанбул за да учествува на мировните преговори меѓу Русија и Украина, организирани од Турција.
Рубио и неговата делегација на аеродромот во Истанбул беа пречекани од генералниот конзул во Истанбул, Џули А. Еадех, и други официјални лица.
Делегацијата предводена од Рубио ќе учествува на трилатерален состанок меѓу Турција, САД и Украина во претседателската канцеларија Долмабахче во Истанбул.
Планирани се низа состаноци во разни формати, вклучувајќи трилатерални разговори меѓу САД, Украина и Турција, како и Русија, Украина и Турција, според извори во турското Министерство за надворешни работи.
На состаноците ќе учествуваат турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, американската делегација предводена од државниот секретар, Марко Рубио, украинската делегација предводена од министерот за одбрана, Рустем Умеров, и руската делегација предводена од Владимир Медински, советник на рускиот претседател, Владимир Путин.
Рубио исто така рече дека американската делегација ќе се сретне со високорангирана украинска делегација и ќе учествува во преговорите меѓу Русија и Украина.