Македонија
(Видео) Костадинов: Хидроцентралите на Мицкоски се предмет за ДКСК
Во своето обраќање на денешната седница на Собранието, пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов истакна дека иако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за Законот за спречување на корупцијата и Државната комисија за спречување на корупцијата, од друга страна опозициската партија и нивниот претседател Христијан Мицкоски не реагираат на препораките на ДКСК.
„Ја користам оваа прилика да ја повикам Антикорупциска да отвори уште еден предмет. Да испита како е донесена одлука на Советот на Општина Пехчево за формирање на викенд зона, за ЕВН да може да пушти дитрибутивна мрежа од 30 милиони денари, со крајна цел Мицкоски да ги заокружи потребните средства за да може да му проработи бизнисот со хидроцентралите. Ако ДКСК потврди дека тоа се случило, тогаш ќе треба одговорност и се надевам дека и вие ќе ја поддржите антикорупциска комсија, како тело за кое и вие сте гласале“, порача Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ очекува над 20 пратеници: „Имаме повеќе од 30.000 гласови предност пред опозицијата“
Од 50 отсто изборјано гласачки ливчиња, имаме над 30.000 гласови разлика пред „Вреди“, изјави портапролот на ДУИ, Арбр Адеми.
„Речиси во сите општини сме во предност: Дебар 2:1, Струга повече од 2:1, Кичево 5:1, Врапчиште повеќе од 2:1. ВО предност сме и во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково“, изјави Адеми.
Како што рече, се потврдува дека Европскиот фронт ќе стигне до над 20 пратеници.
Според резултатите објавени на страната на ДИК, од досега пребројаните гласови, Европскиот фронт на ДУИ освоил 90.151 или 16,59 отсто, додека Влен има 73.893 гласа или 13,60 проценти.
Македонија
Левица: Имаше нерегуларности, бугарски воз, притисоци од сегашната власт и закани за отпуштање по изборите од опозицијата
Партијата Левица вечерва по затворањето на гласачите места обвини за низа нерегуларности за време на гласањето, но и покрај тоа очекува позитивен резултат од изборите. Портпаролот Амар Мециновиќ обвини за ситуации со бугарски воз, попречено гласање, притисоци од сегашната власт но и закани за отпуштања од работа по изборите од сегашната опозиција.
„Денеска видовме дека имаше многу недоследности и неправилности во текот на целиот ден. Лица што требаше да гласаат како болни и изнемоштени вчера не можеа да гласаат. Денеска имаше ситуации на бугарски возови, имаше ситуации во кои имаше изборен материјал до изборните места и имаше ситуации каде што гласањето беше попречено на моменти. Од друга страна во текот на денот забележавме и дека структури блиски до сегашната власт вршеа притисок на наши активисти и на наши истакнати членови, додека, од друга страна, и најголемата опозициска партија го вршеше овој притисок. Дури се одеше до таму да се заканува со отпуштања по изборите“, рече портпаролот Мециновиќ.
Тој потенцираше дека денес пратеници на ВМРО – ДПМНЕ еклатантно лажеле дека Левица повикува на бојкот.
„Левица веќе два дена повикуваше на одѕив. Медиумите блиски на ВМРО-ДПМНЕ констатираа дека Левица не излегла да гласа. Тоа е лага. Ние повикуваме на гласање. Ние сме најголем непријател на оваа власт која сега си заминува. Го поздравуваме одењето на власт и очекуваме позитивен резултат“, нагласи Мециновиќ.
Од нешто повеќе од половина обработени избирачи, според податоците на Државната изборна комисија, Левица добила 31.012 гласови или 6,44 отсто од досега пребројаните гласови.
Македонија
Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто
Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти СДСМ со 46.385 гласови или 12, 51 отсто.
Коалицијата „Европски фронт“ има 19,37 отсто, односно 71.786 гласа, а Влен 60.779 (16,40 отсто).
Левица, според податоците има 22,050 гласови (5,95 отсто), а ЗНАМ 16.109 (4,35 отсто).
Резултатите постојано се ажурираат на веб страната на ДИК.