Европа
Наришкин именуван за шеф на руското разузнавање за странство
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот го именуваше поранешниот претседател на парламентот Сергеј Наришкин за нов шеф на разузнавачката агенција за странство Службата за надворешно разузнавање (СВР).
Според медиумите, Сергеј Наришкин и пред политичката кариера работел во советското КГБ, а на челното место во СВР го заменува Михаил Фрадков.
Промената во водството на русото надворешно разузнавање доаѓа во периодот на големите тензии меѓу Западот и Русија поради конфликтите во Сирија и во Украина. Зголемувањето на тензиите меѓу Москва и Вашингтон, секако, е проследено со зголемување на меѓусебните шпионирања, какво што не е забележано од Студената војна и падот на ткн Челична завеса.
„Свесни сте, ако и сите ние, во кава ситуација сме, и колку е важен успехот на оваа служба за стабилен, сигурен развој на нашата земја. Важно е брзо да се одбиваат заканите во врска со Русија, да не им се дозволува да се зголемат, туку да се дејствува за тие да не се појават, да се неутрализираат во раната фаза“, рекол Путин.
Наришкин е опишуван како долгогодишен сојузник на Путин од родниот град Санкт Петербург, а според медиумите работел и како руски советски разузнавач на Запад. Според официјалната биографија, пак, Наришкин работел во советската амбасада во Бриел во 1980-те година, пред да се вработи во градоначалничкиот кабинет на Санкт Петербург на Путин.
Путин неодамна направи некои рокади на високите позиции со своите најголеми сојузници, а според западните коментатори тоа е знак дека создава ново поколение на приврзаници пред претседателските избори во 2018 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван „инфраструктурен објект“ е погоден на една локација надвор од Киев, а „приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар“ на друга, соопшти регионалната администрација, додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 „нападни воздушни средства“ – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети Кх-59/Кх-69 и 35 дронови.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.