Црна хроника
Victoria Secret: Се сомневале на кражба, во торба нашле мртво бебе
Вработените во продавница за женска долна облека Victoria Secret во Њујорк сопреле тинејџерка мислејќи дека нешто украла, но на нивно запрепастување во нејзината торба откриле мртво бебе.
Њујоршката полиција која дошла во продавницата, соопштила дека вработените сметале дека 17-годишната девојка во торбата криела украдена долна облека, но наместо тоа пронашле тело на новороденче .
Чуварот ги сопрел девојката и нејзиното момче, а од нејзината торба се ширела непријатна реа. Бебето не давало знаци на живот, а лекарските прегледи ќе покажат од што починало.
Тинејџерката којашто веќе има едно дете на двегодишна воздраст, рекла во полицијата дека била бремена шест месеци пошто имала абортирала во средата.
Меѓутоа, други извори рекле дека таа бола во терминот за породување, како и дека на Facebook ден претходно објавила дека чувствува претпородилни грчеви. Додале и дека девојката очекувала интервју за работа.
Полицијата се сомнева дека девојката се породила во големата продавница во центарот на Њујорк, бидејќи бебето било ставено во црна пластична кеса на дното од торбата покриено со облека. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

